Една недела по прашањето на Македонската телевизија – дали Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, почитувајќи го јавниот интерес може да ни ги достави на увид документите за реемитување на програмата на Арена М Премиум – молк од регулаторно тело.
Вести
-
Македонија 28.07.2026 17:20
-
Македонија 28.07.2026 17:05
Акутната фаза на епидемијата се смирува, гостиварци под засилен епидемиолошки надзор поради ризик од појава на хепатит
Засилен здравствен надзор по можната појава на хепатит А и Е како и на други заразни заболувања по епидемијата, треба да биде во фокусот на лекарите во Гостивар.
-
Македонија 28.07.2026 17:01
Дел од терапиите за пациентите со канцер наскоро ќе се издаваат преку аптеките
Дел од терапиите за пациентите со канцер наскоро ќе се издаваат преку аптеките, наместо исклучиво на Клиниката за онкологија. Министерството за здравство подготвува децентрализација на онколошките услуги.
-
Свет 28.07.2026 16:42
Зеленски во САД на средба со Трамп
Украинскиот претседател пристигна во САД, каде е предвидено да одржи серија средби со американскиот колега Трамп, членови на неговата администрација и претставници кои ја поддржуваат Украина.
-
Свет 28.07.2026 16:32
Со речиси 400 дронови нападнат регионот на Москва
Со речиси 400 дронови нападнат регионот на Москва. Поголемиот дел од украинските беспилотни летала биле пресретнати на поголема далечина, а над 80 биле соборени во близина на руската престолнина.
И Украина нотира напади во регионот на Киев.
-
Економија 28.07.2026 15:56
Народна банка: Основната каматна стапка останува непроменета – и натаму постои висока неизвесност
Основната каматна стапка од 4,25 проценти останува непроменета, одлучи извршниот одбор на Народната банка. Одлуката се заснова на забавувањето на инфлацијата, која во јуни изнесувала 3,4 проценти, но и на зголемената неизвесност поради геополитичките тензии и повисоките цени на енергенсите.
-
Свет 28.07.2026 15:16
Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
Американскиот претседател уверува дека се водат пријателски преговори со Техеран, но доколку не дадат резултат, Иран повторно ќе биде нападнат. Шефот на Белата куќа рече дека решил да ги паузира борбите на барање на земјите посредници, да им даде уште една шанса на преговорите.
-
Македонија 28.07.2026 14:41
Водата во Крушево безбедна за пиење
Водата во Крушево е безбедна за пиење. Уреден и третиот последователен примерок во анализите, потврдија од Центарот за јавно здравје. Се чека Агенцијата за храна и ветеринарство да даде дозвола за употреба.
-
Македонија 28.07.2026 14:08
Ревизијата покажа низа неправилности во работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата
Наместо заштита, Комисијата за заштита на конкуренцијата ја ограничувала конкуренцијата на пазарот.
-
Македонија 28.07.2026 13:38
Мицкоски: Протоколите не се дел од преговарачката рамка
Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка за членство во Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Дијалог со Софија за надминување на недоразбирањата.
Миле А. Ристески на темата евроинтеграции.










