Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка за членство во Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Дијалог со Софија за надминување на недоразбирањата.
Миле А. Ристески на темата евроинтеграции.
Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка за членство во Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Дијалог со Софија за надминување на недоразбирањата.
Миле А. Ристески на темата евроинтеграции.
Можно е намалување на стапката на ДДВ на горивата почетокот на следниот месец, Владата ќе интервенира доколку продолжат да поскапувањата на нафтените деривати под притисок на кризата на Блискиот Исток.
Повеќе детали од Ана Јосифоска.
Осум потврдени случаи, расте бројот на заразени со западно-нилска треска, вирусот кој се пренесува преку заразени комарци. Симптоми, блага температура, главоболка, дезориентација. По состанокот на Комисијата, предупредување и за појава на други заразни болести во период на годишни одмори.
Досега 4.300 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, стотина во текот на минатото деноноќие. Здравствените власти уверуваат, акутната фаза на епидемијата е во смирување.
Западна Европа се подготвува за нов топлотен бран со температура над 40 Целзиусови степени. Издадено е предупредување за екстремен ризик од пожари, во момент кога Франција и Шпанија се зафатени од огнени стихии.
Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари.
Советот за безбедност на Обединетите нации дебатираше за Украина, по нападите на 18 и 19 јули, за кои Киев вели дека биле едни од најголемите од почетокот на војната. На седницата беше истакнато дека руските напади дополнително го загрозуваат глобалното снабдување со храна и енергија.
Европската унија мобилизира итна помош додека пожарите во земји-членки излегуваат од контрола. Во Франција пожарите зафатија околу 42.000 хектари, а пламенот е сè поблиску до Бордо. Во Шпанија пламените јазици уништија површина од 80.000 хектари.
Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и лесни е
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.