Тројца доктори ги вратија парите кои ги заработија по основ на неправилно заработена плата, соопшти Фондот за здравство. Станува збор за сегашни и поранешни директори на клиники.
Повеќе детали од Андријана Ѓурчевска.
Тројца доктори ги вратија парите кои ги заработија по основ на неправилно заработена плата, соопшти Фондот за здравство. Станува збор за сегашни и поранешни директори на клиники.
Повеќе детали од Андријана Ѓурчевска.
По нарушувањата на глобалното снабдување со нафта се зголемија цените на авионските билети, но сè поголем број и на откажани летови кон одредени дестинации.
На Филозофскиот факултет се запишувале студенти на магистерски студии без завршени додипломски – утврдил Државниот просветен инспекторат. Министерката Јаневска го чека извештајот за нерегуларностите, деканот Бакрески закажа прес-конференција.
Новоизбраниот парламентарен состав во Бугарија се очекува најверојатно да биде свикан следната недела.
Истекува примирјето меѓу САД и Иран, следната фаза од мировните преговори неизвесна.
Висока делегација од Република Казахстан, предводена од министерот за трговија и интеграција, Арман Шакалиев, денес оствари официјална посета на ТИРЗ Скопје, при што беше посетена и фабриката Џонсон Мети.
Украинскиот претседател објави дека двајца полицајци побегнале од местото на нападот во саботата во Киев, во кој загинаа шест лица, а најмалку 14 беа повредени. Патролните полицајци не направиле доволно за да го запрат убиецот.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 13 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Маврови Анови со девет, Тетово со пет, како и Пожаране и Скопје – Зајчев Рид со по четири литри на метар квадратен.
Кубанската влада потврди дека неодамна се сретнала со американски претставници на островот. Ниту американските, ниту кубанските претставници не кажаа точно кога се одржал состанокот, ниту кои претставници од САД учествувале.
Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.