Случајот со Артан Груби и натаму ја бранува јавноста. Одбраната врши увид во доказите, обвинителството со став со одлуката, прашањето за притворот е затворено. На политичката сцена не стивнуваат партиските препукувања.
Вести
-
Македонија 27.02.2026 13:20
-
Македонија 27.02.2026 13:11
Европскиот суд пресуди во корист на затвореник од „Идризово“
Затвореник физички нападнат од затворски полицаец во „Идризово“ ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Сега државата ќе треба да му плати над 11 илјади евра, откако домашните судови не успеаја да лоцираат вина за инцидентот во кој бил тепан.
-
Македонија 27.02.2026 13:11
Македонија и Албанија немаат отворени прашања, велат Сиљановска-Давкова и Бегај
Со високи државни и воени почести албанскиот претседател Бегај беше пречекан од претседателката Сиљановска-Давкова. Во Вила Водно, тет-а-тет средба. Евроинтеграциите во фокус.
-
Свет 27.02.2026 12:53
Бил Клинтон пред Конгресот за случајот Епстин
Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон денеска сведочи пред Конгресот по објавените документи поврзани со Џефри Епстин откако неговата сопруга и поранешна државна секретарка на САД Хилари, го заврши сведочењето по повеќе од шест часа испрашување.
-
Култура 27.02.2026 12:31
Балетот „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет
На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетот „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска).
-
Свет 27.02.2026 12:05
Пакистан изврши воздушни напади врз Кабул
Борбите меѓу Авганистан и Пакистан повторно ескалира, доведувајќи до смртоносни судири долж границата. По месеци тензии и спорадични напади, Исламабад објави „отворена војна“ против талибанците, нагласувајќи дека трпението на Пакистан истекло.
-
Македонија 27.02.2026 11:35
Над 1.100 нови случаи на грип, најмногу заболени во Скопје
Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се регистрирани 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, соопшти Институт за јавно здравје. Бројот на новозаболени е намален за 3,2 отсто во однос на претходната недела.
-
Свет 27.02.2026 11:02
Иран-САД: Напредок во разговорите, но без договор
Нуклеарните разговори меѓу САД и Иран во Женева завршија без договор, но со значаен напредок, оцени оманскиот медијатор Албусаиди. Ќе продолжат на техничко ниво в понеделник во седиштето на МААЕ во Виена.
-
Економија 27.02.2026 10:38
Побезбедни онлајн плаќања од 1 март
Од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички, информираат од Народната банка.
-
Македонија 27.02.2026 10:13
Скопје домаќин на Саемот за образование и кариера 2026
Денеска во Скопје ќе се одржи третото издание на Саемот за образование и кариера 2026, настан што ги поврзува младите, образовните институции и компаниите.










