Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Вести
-
Македонија 22.04.2026 08:15
-
Македонија 22.04.2026 08:09
Премиерот Мицкоски во официјална посета на Виена
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на официјалната посета на Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Се разговарало за предизвиците со кои се соочува државата, но, и за можностите за нејзин развој.
-
Македонија 21.04.2026 20:49
Реализација на тактички активности во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“
На 21 април, во рамки на реализацијата на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, на армискиот полигон „Криволак“ беа реализирани активности насочени кон извршување на тактички задачи во сложена и динамична безбедносна средина.
-
Култура 21.04.2026 20:27
Ново издание од „Илика“ за Саемот на книга во Скопје
Издавачката куќа „Илика“ ја објави книгата „Петромажественост/ Енергија и доминација“ од Кара Дагет, две научни статии што ја истражуваат поврзаноста меѓу фосилните горива, родот и современите авторитарни политики. Преводот од англиски јазик на изданието е на Андријана Папиќ Манчева.
-
Култура 21.04.2026 20:15
Над 65 издавачи и 150 настани на Саемот на книгата во Скопје
На Саемот на книгата во Скопје годинава ќе учествуваат над 65 издавачи и ќе се одржат повеќе од 150 активности. Саемот ќе трае од 23 април, со работно време од 10 до 20 часот, под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“.
-
Македонија 21.04.2026 19:50
Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра.
-
Македонија 21.04.2026 19:33
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
Вчера во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци, информираат од МВР.
-
Македонија 21.04.2026 19:14
Муцунски на стратешки дијалог за унапредување на односите
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја предводи владината делегација која учествува на втората сесија на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која беше отворена заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт д
-
Македонија 21.04.2026 18:58
Реформите во фокусот на средбата меѓу Минчев и Суперти
Министерот Минчев ја продолжи својата интензивна агенда со уште една значајна средба во Будва, каде во рамки на министерска конференција оствари билатерална средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европска комисија, Валентина Супер
-
Македонија 21.04.2026 18:41
Во Скопје креативен настан за ученици „Од предизвик до иновација“
По повод Светскиот ден на креативноста и иновациите – 21 април, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА организира креативен и едукативен настан наменет за ученици од основните училишта во Скопје – „Зеленикс – од предизвик до иновација“.









