Македонија добро рангирана на регионалниот индекс за конкуренција и иновации, покажала анализата. Се истражувале 4 држави, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.
Борис Грујоски известува
Македонија добро рангирана на регионалниот индекс за конкуренција и иновации, покажала анализата. Се истражувале 4 држави, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.
Борис Грујоски известува
За само еден месец – две свлечишта на градилишта во Скопје, а едното со фатални последици. Последниот инцидент во Центар го отвори прашањето – дали градиме побрзо од колку што планираме и контролираме?
Политичките партии и денеска го користат теренот за меѓусебно препукување. Полека се разобличува лажната кампања на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе го врателе името, ќе го поништиле Преспанскиот договор. Цената ја плаќаат граѓаните, вели лидерот на СДСМ, Филипче.
Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град.
Украинскиот амбасадор во Обединетите нации, ги осуди ескалирачките руски напади од викендов и обвини за кршење на меѓународното хуманитарно право. Русија претходно испрати предупредување до странските државјани и дипломати да го напуштат Киев, поради планирани напади.
Умерен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Хрватска, во близина на Петриња. Според хрватската Сеизмолошка служба, потресот се случил во 9:51 часот, а епицентарот бил на околу осум километри од Петриња.
На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово, соопштија од МВР.
Десетици загинати во израелски напади низ јужен и источен Либан, откако израелскиот премиер Нетанјаху објави засилени воените дејствија против Хезболах.
Едно лице загина, деветмина се водат за исчезнати, а неколкумина се повредени во пожар што избувна во фабрика во близина на границата меѓу американските сојузни држави Вашингтон и Орегон.
Западна Европа руши рекорди со високи мајски температури. Франција пријави седум смртни случаи, а температурите во делови од регионот достигнуваат и до 40 степени.