На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера околу 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ во товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, о
Вести
-
Македонија 19.02.2020 11:24
-
Македонија 19.02.2020 10:57
Старец почина од компликации од грип на Инфективна клиника, еден пациент во животозагрозувачка состојба
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од клиниката.
-
Свет 19.02.2020 10:40
Опаѓа бројот на заразени со Коронавирус
Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеј порасна на 132 и достигна бројка од 1.921. Забележани се 1.693 нови случаи на заболувања во оваа провинција, епицентарот на епидемијата, со што вкупниот број на заразени порасна на 61.682 лица.
-
Свет 19.02.2020 10:25
Либија: Суспендирани преговорите за прекин на огнот
Меѓународно признаената влада во Либија ги суспендираше преговорите за прекин на огнот под покровителство на ОН во Женева. Одлуката е донесена по најновиот напад на пристаниште во главниот град Триполи.
-
Економија 19.02.2020 10:12
Финансиска помош за млади земјоделци
Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства има право на финансиска поддршка до 20.000 евра.
По одобрување на барањето, парите ќе се добиваат на најмногу три рати.
-
Македонија 19.02.2020 10:00
Спасовски: Oваа изборна кампања ќе биде една од „највалканите“ досега
Република Северна Македонија има капацитет да организира демократски, фер и слободни избори на кoи граѓаните ќе можат да одлучат по кој пат треба да оди земјата, вели премиерот Спасовски.
-
Македонија 19.02.2020 09:48
Димитров во Шпанија на разговори за Потоколот за НАТО и за преговорите со ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Димитров престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.
-
Свет 18.02.2020 16:35
Коронавирусот ја погоди глобалната туристичка индустрија
Плоштадот Синтагма во Атина. Вообичаен метеж и туристи. Но, во грчката влада се прават проценки за ефектите што Коронавирусот ќе ги остави врз овој сектор во главната, летна сезона. Кинезите се важни, но првите сигнали не се загрижувачки, вели ресорниот министер.
-
Македонија 18.02.2020 16:10
Мицкоски најави инвестиции во патишта, од СДСМ велат - препишал од нив
Нема развиена економија без добра инфракструктура, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ промовирајќи 12 проекти од областа на транспортот и инфраструктурата. Мицкоски најавува целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта.
-
Економија 18.02.2020 15:56
Коронавирусот се заканува на туризмот
Кинеските туристи ги откажаа аранжманите во земјава. Туроператорите најавиле- поради коронавирусот до април ги повлекуваат пакет- програмите и договорите со сместувачките капацитети. Надлежните пак убедуваат, македонскиот туризам нема да биде значително погоден, нивниот удел не е на високо ниво.






