Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на јануари. Поголемиот број добитници се од Скопје, додека останатите се од Битола, Охрид, Пробиштип, Велес, Кавадарци и Неготино.
Вести
-
Економија 06.02.2020 11:10
-
Свет 06.02.2020 10:58
Се зголемува бројот на жртви од Коронавирусот
Над 70 луѓе починаа од коронавирусот во Кина така што бројката на глобално ниво се зголеми над 560. Заразата се шири со рекордна брзина во последните три дена.
-
Македонија 06.02.2020 10:35
Османи и Димитров во Загреб на средби со Пленковиќ и Грлиќ Радман
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се во работна посета на Република Хрватска, која во првата половина од оваа година претседава со Советот на Европската Унија.
-
Свет 06.02.2020 10:26
Сенатот го ослободи Трамп од обвинувањата
Белата куќа задоволна од одлуката на Сенатот којшто го ослободи американскиот претседател Доналд Трамп од обвиненијата во случајот за негово отповикување инициран од демократите.
-
Македонија 06.02.2020 10:18
Субвенции во овоштарството
Корисници на субвенциите во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари. Највисоки се директните плаќања за јагоди одгледувани во контролирани услови кои изнесува 99.000 денари за хектар.
-
Македонија 06.02.2020 10:06
Продолжува судењето за случајот „Рекет“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“ со презентирање на докази, и со снимки доставени во обвинителството од сведокот Јордан Камчев.
-
Македонија 05.02.2020 16:16
Под лупа дозволите за работа на сите фирми за управување со отпад
Битолската фирма „Еко клуб“ во текот на минатата година до Дрисла транспортирала речиси пет илјади килограми медицински отпад. Само вчера во оваа печката согорени се три контејнери од истата компанија.
-
Македонија 05.02.2020 16:05
Претставен проектот за гасификација на Битола
Првите количини на гас се очекува да потечат во вторта половина од предстојнава есен. Според концептот на дистрибутивната гасоводна мрежа прво ќе се опфатат индустриските капацитети на влезот од страната на општина Новаци.
-
Култура 05.02.2020 15:42
Врачена наградата „Григор Прличев“
За делото „Таинство на богомилите“ на авторот Стево Симски денеска му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2019-тата година.
-
Македонија 05.02.2020 15:36
Манчевски: К-15 ќе земаат 17 илјади вработени во јавната администрација
К-15 и во јавната администрација. Регресот за годишен одмор ќе важи за вработените во органите на државната управа, судството, јавните обвинителства. Министерот Манчевски вели, не можеме да очекуваме ефикасни и квалитетни услуги ако платите се на ниво од пред 10 години.





