Вести

  • Економија 27.01.2020 12:51

    Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за денар

    Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното за денар. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката за неделава.

  • Свет 27.01.2020 12:49

    Коронавирусот се шири без видливи симптоми

    Осумдесетина  ја загубија битката со Коронавирусот, а речиси 3.000 се заразени од новиот тип кој се шири и без видливи симптоми. Повеќето од нив биле повозрасни лица или луѓе со претходни респираторни проблеми. Кинеските власти ги продолжија празниците за Лунарната нова година до 2-ри февруари.

  • Македонија 27.01.2020 12:28

    Со сведочење на обвинителката Стефанови продолжи судењето за „Рекет“

    Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Рекет“. Обвинителката Лиле Стефанова сведочеше пред судот дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја терала да го затвори предметот „Империја“ против Орце Камчев.

  • Македонија 27.01.2020 11:56

    Поднесено обвинение против сторител на шест кражби во Скопје

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, како и едно кривично дело – Кражба предвидено и казниво согласно член 235 ста

  • Свет 27.01.2020 11:46

    Ракетирана Американска амбасада во Багдад

    Неколкумина  ранети  при ракетен напад во близина на американската амбасада во Багдад. Три проектили ја погодиле инсталацијата на зградата, додека една паднала во ресторанот на амбасадата.

  • Свет 27.01.2020 10:55

    Светот му оддава почит на кошаркарскиот ас Коби Брајант

    Светот му оддава почит на легендарниот кошаркар Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа на 41-годишна возраст. Во леталото коешто се урна, па опожари во Калабаса, Калифорнија се превезувале уште осумммина, вклучувајќи ја и неговата најстара ќерка.

  • Економија 27.01.2020 10:28

    Дополнителни субвенции за замена на житни култури со нови насади

    На дополнителни субвенции имаат право земјоделците кои произведуваат  жита и кои сакаат да ја променат културата во градинарство на отворено, пластеници, и во овоштарници и лозја.

  • Свет 27.01.2020 10:15

    Кина: 80 мртви од Коронавирусот

    80 луѓе ја загубија битката со коронавирусот, а над 3000 се заразени. Повеќето од жртвите биле повозрасни лица или луѓе со претходни респираторни проблеми. Кинеските власти ги продолжија празниците за Лунарната нова година до 2 февруари.

  • Македонија 27.01.2020 10:11

    Собранието ќе одржи две седници

    Законодавниот дом денеска треба да одржи две пленарни сесии на кои што се повеќе законски предлози, по скратена постапка.

  • Македонија 27.01.2020 10:01

    Стартуваат превентивните мерки против Коронавирусот

    Нема простор за паника од Коронавирусот во земјава, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Стартуваат превентивни мерки – на аеродромот со термална камера ќе се скенираат патниците, и тоа само од летовите од Истанбул и од Дубаи, кои имаат врска со Кина од каде е жариштето на вирусот.

Pages