Вести

  • Економија 28.01.2020 14:27

    Преку едукација до вработување

    Партнерство меѓу компаниите и стручните училишта, доквалификација на невработените. Ова се само дел од активностите што ги предвидува проектот „Едукација за вработување“ кој се спроведува во соработка со Швајцарската амбасада.

  • Македонија 28.01.2020 14:24

    Филипче: Мерките се силни, нема место за паника

    Состојбата е под контрола, нема причини за ризик или паника од Коронавирусот во земјава – уверува министерот за здравство. Термалните камери на Скопскиот аеродром засега не детектирале сомнителен случај меѓу патниците кои слетале од Дубаи и Истанбул.

  • Македонија 28.01.2020 14:19

    Жените од Шуто Оризари повторно останаа без гинеколог

    Над 8.000 пациентки во единствената гинеколошка ординација во Шуто Оризари, веќе една недела наидуваат на затворена врата. Велат, затекнале известување без претходна најава дека докторката Влјолца Мбјара заминува да работи во населбата Ченто.

  • Свет 28.01.2020 13:18

    Удвоен бројот на заразени од Коронавирусот

    Над 100 починати од Коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан. Властите тврдат дека само за еден ден се удвоил бројот на заразени. Повеќето од жртвите се повозрасни луѓе или кои веќе имале компликации со дишните патишта. Од болничко лекување се пуштени 60 луѓе.

  • Економија 28.01.2020 13:11

    Годинава се очекува забрзан економски раст

    Растот ќе забрза, инвестициите и извозот може да забават под влијание на глобалните трговски тензии или одлагање на инвестицискиот циклус поради престојните избори. Меѓународниот монетарен фонд прогнозира- македонската економија годинава ќе достигне 3,4 проценти од бруто домашниот производ.

  • Македонија 28.01.2020 13:04

    Рустеми: Јанева се смени по одлуката на Врховен

    После начелното правно мислење од Врховниот суд, кое според брзината и начинот на донесување наликувало на амнестијата на Иванов, бил предизвикан хаос со предметите на СЈО, рече во своето сведочење обвинителот Рустеми. Тоа предизвика удар врз предметите на СЈО, меѓу кои беше и „Поштенска“.

  • Македонија 28.01.2020 12:45

    СДСМ: Очекуваме суштиска дебата за Законот за јавно обвинителство

    Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура. Закажана е јавна расправа во комисијата за политички систем на тема „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борбата против корупцијата“. 

  • Македонија 28.01.2020 12:34

    Еден обвинет, две лица под истрага за поседување оружје во Скопје

    По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

  • Свет 28.01.2020 12:25

    Британија в петок заминува од ЕУ

    На 31-ви јануари на полноќ, Обединетото Кралство официјално излегува од Европската унија. По три и пол години маратонски преговори на релација Лондон- Брисел, Брегзит предизвика длабока поделеност и меѓу граѓаните, и меѓу политичарите.

  • Свет 28.01.2020 11:41

    Ирак: Осуда за употребата на прекумерна сила кон демонстрантите

    Дипломатските претставници од 16 земји во Ирак го осудија употребувањето на прекумерна сила од страна на ирачките безбедносни единици кон демонстрантите. Бараат темелна истрага за смртта на стотина луѓе кои беа убиени од октомври, но и почитување на слободата за собири и мирни протести.

Pages