По неколкумесечни прегоовори, Конзервативците на Австрија постигнаа договор за формирање на коалициска влада со Зелените со што за прв пат во Владата влегуваат левичарите.
Вести
-
Свет 02.01.2020 10:17
-
Македонија 02.01.2020 10:04
Студено и ведро, максимална температура до 9 степени
Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови. Максималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени.
-
Македонија 31.12.2019 13:58
Хуманост, весела атмосфера и многу желби за Новата Година
Годинава да заврши хумано, со добра мисла и намера, порачаа прилепските гимназијалци. Цело полугодие собираа средства за преку 400 пакетчиња со храна и облека за да им поделат на децата од социјално загрозените семејства во населбите Тризла и Три багреми.
-
Македонија 31.12.2019 13:53
Најмладите го пречекаа Дедо Мраз на плоштадот „Македонија“
Новогодишната населба „Винтерленд“ во центарот на метрополата денеска е највеселото место, особено за најмладите. Со искрени и чудесни желби децата го дочекаа Дедо Мраз.
-
Свет 31.12.2019 13:14
Жртви во големите пожари во Австралија
Уште две лица загинаа во пожарите во Австралија со што вкупниот број досега изнесува 12. Едно лице исчезна во Нов Јужен Велс, а во Викторија се трага по четворица. Според властите на оваа австралиска држава, 4000 луѓе побегнале на плажата за да се спасат од огнот кој се шири кон брегот.
-
Македонија 31.12.2019 13:02
Граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина посака Пендаровски за 2020-та година
Посакувам во 2020-та во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина- порака од претседателот пендаровски пред новогодишните празници.
-
Македонија 31.12.2019 12:59
Заев: Во 2020-та да го направиме најдоброто за нашата земја
Во 2020-та уште повеќе ќе го разгориме пламенот на заедништвото и солидарноста. Инвестираме во нашите граѓани, во иднината и во децата- новогодишна порака на премиерот Заев.
-
Македонија 31.12.2019 12:56
Мицкоски: Следува година на промени на подобро
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денешното секојдневие е далеку од како што вели моите, и од вашите желби. Во новогодишната честитка до граѓаните, најавува година со промени на подобро, економски бум и дека Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот.
-
Македонија 31.12.2019 12:40
Спасовски: Уставот мора да биде пред сѐ и над сѐ
Уставот мора да биде пред сѐ и над сѐ- идниот мандатар во техничката влада Оливер Спасовски одговори на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ полковникот Ковачки да раководи со МВР. Смета дека не е потребна милитаризација на ресорот во една демократска држава.
-
Свет 31.12.2019 12:22
Климатските промени – главна поента на новогодишната порака на Меркел
Борбата против климатските промени во фокусот на новогодишното обраќање на германската канцеларка Ангела Меркел. Нагласи дека човечкиот фактор е виновен за растот на температурите и проблемите создадени од глобалното затоплување.



