Претседателот на САД, Доналд Трамп е пред отповикување во Долниот дом на Конгресот каде што се очекува историска расправа во очи гласањето. Расправата ќе се води по две обвиненија - за злоупотреба на власта и опструкција на Конгресот.
Вести
-
Свет 18.12.2019 13:23
-
Свет 18.12.2019 13:14
Франција: Синдикатите со порака до владата - нема Божиќно примрије
Насилства и апсења на протестите во Париз против предложените пензиски реформи од претседателот Емануел Макрон. Неколку европски земји ја зголемија старосната граница и ги намалија пензиите поради забавениот економски раст и продолжувањето на животниот век.
-
Македонија 18.12.2019 12:58
Пендаровски: За само две и пол години успеавме да ја вратиме државата во нормала
Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во собранието. Пред пратениците потенцираше - за само две и пол години успеавме да ја вратиме државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членството во НАТО и на отворањето на преговори.
-
Македонија 18.12.2019 12:29
Пред изборите, Собранието да ја продолжи вонредната состојба на границите
Илегалните мигранти ќе бидат искушение и во наредниот период, оценуваат од МВР. Според експертите, пред изборите институциите во државава треба да ја продолжат вонредната состојба за да Армијата остане да помага за обезбедување на границите кај Гевгелија и Табановце.
-
Економија 18.12.2019 12:21
ЕБОР: 194 милиони евра неповратни средства за Западен Балкан
Европската банка за обнова и развој, ЕУ и билатерални донатори одобрија рекордни 194 милиони евра неповратни средства за земјите од Западен Балкан за реализација на проекти во транспортот, животната средина, дигиталната инфраструктура и енергетиката.
-
Македонија 18.12.2019 12:17
Османи во Брисел на средба со со новиот еврокомесар за проширување Вархеjи
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари официјална средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеjи.
-
Свет 18.12.2019 11:58
Телефонски разговор Путин – Макрон
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски го информираше францускиот претседател Емануел Макрон за спроведувањето на руско-турските договори во врска со ситуацијата во североисточна Сирија.
-
Свет 18.12.2019 11:02
Скај њуз: Неделава барање за референдум за независност на Шкотска
Според „Скај њуз“, Никола Стерџен неделава ќе поднесе барање за втор референдум за независност на Шкотска.
-
Македонија 18.12.2019 10:52
Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје, пронајдена направа што наликува на бомба
Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот.
-
Македонија 18.12.2019 10:42
Амандманска расправа за предлог- измените на Изборниот законик
Денеска на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, амандманска расправа за предлог- измените на Изборниот законик. Првиот човек на собраниското тело вели дека службите сѐ уште работат на архивирање на илјадниците амандмани.







