На 19-ти декември православните христијани го празнуваат Св. Никола Чудотворец. Св. Никола е еден од најпочитуваните светци. Роден е во малоазискиот град Патара. Живеел во 4 век.
Вести
-
Македонија 18.12.2019 10:28
-
Свет 18.12.2019 10:20
Гласање за импичмент на Трамп
Претседателот Доналд Трамп ја обвини претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелосиза „обид за пуч“ и за „поткопување на американската демократија“ непосредно по одлуката за гласање за импичмент.
-
Македонија 18.12.2019 10:17
Привршува пријавувањето за субвенции за жени носители на земјоделските стопанства
Жените фармери на кои се води стопанство ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 3.000 евра. Оваа е нова мерка со цел да се подобри економската состојба на жените во земјоделскиот сектор.
Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември.
-
Македонија 18.12.2019 10:15
Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред пратениците
Претседателот Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Ова ќе биде прво годишно обраќање во законодавниот дом на Пендаровски од стапувањето на должност во мај годинава.
-
Македонија 17.12.2019 18:02
Премиерот Заев во Чешка, поддршка за интеграциите
Целосна поддршка за нашето членство во Европската унија и во НАТО, заложба за интензивирање на економските и на трговските односи. Ова е епилогот по средбата меѓу македонскиот и чешкиот премиер, Заев и Бабиш во Прага.
-
Македонија 17.12.2019 15:21
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги повлекува поднесените амандмани
ВМРО-ДПМНЕ не ги повлекува поднесените амандмани на Изборниот законик. Координаторот на пратеничката група Мицевски вели дека не се создадени деловнички услови утре за да се оддржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
-
Македонија 17.12.2019 15:05
Утре започнува амандманската расправа за предлог измените на Изборниот законик
Утре на Комисијата за политички систем амандманска расправа на предлог измените на Изборниот законик. Собраниските служби сѐ уште работат на архивирање на илјадниците амандмани. Намерата е јасна- блокирање на законот, вели претседателот на комисијата Кирацовски.
-
Свет 17.12.2019 14:46
Џонсон сака да забрани продолжување на преодниот период
Британскиот премиер Борис Џонсон сака законски да забрани какво било продолжување на преодниот период по официјалното излегување на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари.
-
Македонија 17.12.2019 14:37
Прилеп: Се приготвуваат посните сарми за „Свети Никола“
Педесет и пет прилепчанки од четири здруженија ги приготвија надалеку познатите мали посни сарми за организираната прослава, по 14-ти пат, на градскиот патрон - Свети Никола. Тоа е голема традиција која останува да се негува, велат и возрасните и младите што два дена ги виткаа сармите.
-
Македонија 17.12.2019 14:29
Ќе се проширува Охридскиот аеродром
Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ дава сѐ поголем придонес за развојот на туризмот и враќање на Охрид на светските туристички мапи. Минатиот викенд беше достигната важна пресвртница во работењето на аеродромот, кога за прв пат бројот на патници ја надмина бројката од 300 илјади.





