Во аферата за уништување инсулин има сомнежи за криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, документите покажуваат дека бил уништен инсулин со валиден рок на траење.
Вести
-
Македонија 10.12.2019 14:55
-
Македонија 10.12.2019 14:48
Димитров: Остануваме посветени на европските реформи
„Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи“, изјави шефот на дипломатијата Димитров на денешната средба со групата европратеници Пријатели на Северна Македонија во Европскиот парламент.
-
Свет 10.12.2019 14:34
Седуммина убиени, вклучувајќи го и осомничениот во болница во Чешка
Седуммина загинати и двајца повредени во вооружениот напад во болницата во Острава, североисточна Чешка. Меѓу мртвите е и осомничениот за повеќекратното убиство којшто се застрелал во главата откако побегна со својот автомобил од местото на злосторот.
-
Економија 10.12.2019 14:25
Нови содржини за подобар квалитет и раст на туризмот
Ќе се градат велнес и спа центри, ќе се развива бањскиот и винскиот туризам. Ќе се работи на подобрување на квалитетот на туризмот во земјава. Најмалку една пештера ќе биде прилагодена за туристички посети. Годинава се очекува туризмот да биде 2,5 проценти од бруто домашниот производ.
-
Свет 10.12.2019 14:06
Продолжува штрајкот против пензиските реформи
Продолжува штрајкот против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. Парижаните веќе шести ден се соочуваат со сообраќаен хаос поради прекин на транспортните услуги.
-
Македонија 10.12.2019 14:03
Заев и Шеќеринска од носачот на авиони „Хари Труман“: Станавме партнер во НАТО, загаранирана е нашата безбедност
Северна Македонија припаѓа на најсилниот систем за колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, истакна премиерот Заев при првата посета на американскиот носач на авиони „Хари Труман“ кај Неапол.
-
Свет 10.12.2019 13:41
Русија и Украина договорија целосен прекин на огнот
Рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски се договорија до крајот на годината во целост да го применат сеопфатниот договор за прекин на огнот на истокот од Украина.
-
Економија 10.12.2019 13:19
Бензините поевтинуваат за 1,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика реши да ја намали цената на бензините за 1,5 денар за литар, додека цените на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат. Цента на мазутот се зголемува за 1,29 денари за килограм.
-
Македонија 10.12.2019 13:11
Продолжува штрајкот во „Еурокомпозит“
Поради неизвесната иднина, без инвеститори и без плати од почетокот на годинава, зашто земале, велат, само мали делови од заостанати плати, 60-ината вработени во прилепски „Еурокомпозит“ ги продолжуваат протестите, денеска, со блокада на улицата пред фирмата.
-
Македонија 10.12.2019 13:07
Османи: Законот за употреба на јазиците нема да се менува
Ќе ги почитуваме препораките на Венециската комисија, но Законот за употреба на јазиците нема да се менува. Со создавање капацитети, двојазичноста полесно ќе се имплементира и нема да создава проблеми во општеството, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.


