Вести

  • Македонија 11.11.2019 12:33

    Од утре до четврток дожд и ветер

    Под влијание на влажен бран од Медитеранот, утре и во среда ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи на повеќе места ќе има утре во вечерните и ноќните часови, а во среда повеќе врнежи се очекуваат во источните делови. На места ќе наврнат над 30 л/м2 дожд.

  • Македонија 11.11.2019 12:30

    Пронајдени седум мигранти на патот Валандово – Струмица

    Седум мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак, вчера околу 9 часот се пронајдени од страна на полицијата во близина на угостителски објект на регионалниот пат Валандово- Струмица, соопшуваат од МВР.

  • Култура 11.11.2019 12:06

    Објавен „Реторичкиот речник“ на Трајко Огненовски

    „Македоника литера“, го објави лексикографскиот труд на проф. д-р Трајко Огненовски „Реторички речник на поими и дефиниции“, кој претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.

  • Свет 11.11.2019 12:03

    Вол Стрит останува без заштитниот знак – се преместува поради безбедност

    Статуата поставена на фреквентен дел од Вол Стрит, ќе биде преместена од таму. Според портпаролот, бикот се преместува поради безбедност на њујорчаните, а точната нова локација сè уште не е откриена, пренесуваат медиумите.

  • Свет 11.11.2019 11:18

    Претседателот Моралес поднесе оставка

    Претседателот на Боливија, Ево Моралес поднесе оставка од функцијата. Тој тврди дека постои „нелегална“ наредба за негово апсење.

    Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес.

  • Македонија 11.11.2019 10:51

    Ветерот на бесконечноста

    Во празнувањето на Јубилејот 500 години постоењето на Куманово најмалите жители учествуваа со спектакуларна програма. Децата од Детска градинка „Ангел Шајче“ го прославија празникот на градот со слет насловен како „Ветрот на бесконечноста“.

  • Економија 11.11.2019 10:41

    Неделава ќе се утврдува буџетот за 2020-та

    Владата неделава ќе го утврдува  буџетот за 2020-та. Се предлага растот на економијата следната година да изнесува 3,8 насто, а буџетскиот дефицит да биде 2,3 проценти.

    Според министерката Ангеловска следната година акцент ќе биде ставен на вложувањето во човечкиот капитал.

  • Култура 11.11.2019 10:39

    85 години планинарско-скијачки дом на Попова Шапка

    ...„11.11.1934 година е датум запишан во историјата кога започнува приказната за Попова Шапка. Голем број на ентузијасти, визионери, пионери на овие спортови кај нас, ја трасираат патеката по која ние денес одиме.

  • Македонија 11.11.2019 10:33

    Отворено писмо: ЕУ да ја исправи направената стратешка грешка

    Десет поранешни министри за надворешни работи, меѓу кои и екс- шефовите на дипломатиите на Земјава и на Грција, Никола Поповски и Никос Коѕијас, преку отворено писмо побараа Европската унија да ја исправи грешката за неодредување датум за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија.

  • Култура 11.11.2019 10:32

    Таксират и Д-Фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа

    Веќе неколку години по ред, двата најпосетени македонски фестивали за локалната и регионалната јавност - според гласовите на домашните и меѓународните фанови - со својата атрактивна и еклектична програма привлекуваат сѐ повеќе публика и стануваат препознатливи како македонски музички фестивали су

Pages