Градот се наоѓа на 156 км оддалеченост од Скопје и на 70 км од Солун, во соседна Грција. Општината се протега на 486,5 km2. Според пописот од 2002 година, оваа општина брои 22.988 жители.Од вкупно 84 општини во државата , според бројот на жителите, општина Гевгелија се наоѓа на 24-то место.
Вести
-
Македонија 07.11.2019 18:03
-
Економија 07.11.2019 18:01
,,Квалитетните патишта се клучни за економскиот развој“
Истовремено се обновуваат постојните патишта ,но и се градат нови со примена на најнови технологии на градење.За сето тоа се потребни вложувања во создавање соодветен стручен кадар што ќе одговори на сите предизвици на новото време се пораките на Првиот македонски конгрес за патишта.
-
Македонија 07.11.2019 15:52
Хан: грешка од историски размери
И тој и некои европратеници оценија дека кредибилитетот на Унијата е нарушен. Укажаа оти внатрешните реформи во Блокот и процесот на преговори треба да се одвиваат паралелно.
-
Македонија 07.11.2019 14:50
Регионална конференција за вмрежување на македонската дијаспора
Целта е поврзување на иселеничките организации,институциите од Република Северна Македонија и малцинските групи во државава.
На отворањето поздравни говори имаа министерот за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов.
-
Македонија 07.11.2019 14:48
Нови возила за јавните претпријатија
Преку овој проект се набавија едно специјално возило камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач-утоварувач и една машина ровокопач, мини багер хидрауличен на гасеници.
-
Култура 07.11.2019 14:45
20. „Есенски музички свечености“
Годинашната програмае е стилски и жанровски разновидна – од големи концерти до настапи на камерни состави. Простор им се дава, пред сѐ, на домашните музичари, исто така и на младите уметници.
-
Култура 07.11.2019 14:43
„ФРАГМЕНТИ“-ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИОТ СКУЛПТОР ЖАРКО БАШЕСКИ
Преку ова изложување, публиката ќе има можност да погледне неколку различни „фрагменти“ од творечкиот опус на Башески и паралелно да погледне неколку постари и неколку сосема нови дела, во кои може да се забележи нов начин на претставување на човечката фигура.
-
Култура 07.11.2019 14:41
ГЕТЕ- ИНСТИТУТ И КИНОТЕКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 30 Jahre Mauerfall
Амбасадата на СР Германија во Скопје и Гете-институт Скопје на 9 ноември од 14-20 часот во Кинотека на Македонија организираат филмско попладне на тема падот на ѕидот и Берлин.
-
Свет 07.11.2019 14:01
Годишнина од падот на Берлинскиот ѕид
Светските лидери се собраа во Германија да го прослават крајот на Студената Војна со поранешниот Советски сојуз. Генералниот секретар на НАТО истакна дека овие два историски настана ја обликуваа иднината на Европа.
Изјава Јенс Столтенберг-генерален секретар на НАТО
-
Свет 07.11.2019 13:57
ЕУ ја заострува политиката за мигрантите
Од Министерството за внатрешни работи предупредија дека нема да дозволат да биде загрозено населението од оние кои се населуваат крај сообраќајниците во главниот град. Според последните проценки, во Франција живеат речиси 20.000 бездомници и мигранти.










