Утре поради спуштање на постуден воздух од север во Македонија ќе преовладува облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет.
Вести
-
Македонија 27.11.2018 13:32
-
Свет 27.11.2018 13:15
Грција: 24- часовен штрајк на новинарите
Во Грција 24- часовен штрајк на новинарите. Бараат потпишување колективни договори, достоинствени плати и пензии, враќање на бонусите и мерки за справување со невработеноста.
-
Македонија 27.11.2018 12:56
Заев очекува поголема поддршка за уставните измени
Шефот на владата, Заев изрази надеж дека и во оваа фаза, но и по јавната дебата за уставните измени, бројката од 80 пратеници ќе се зголеми.
-
Култура 27.11.2018 12:45
Комеморација за актерот Мите Грозданов во Драмски театар
Драмскиот театар имаше чест да биде матична куќа на Грозданов од 1968-ма година, па сѐ до пензионирањето во 2008-ма. Има одиграно над 150 улоги во театарски претстави.
-
Македонија 27.11.2018 12:43
Регистрирани над 1.300 случаи на насилство врз жените, точниот број на жртви не е познат
Над 1.300 регистрирани случаи на насилство врз жените во Македонија, не ја отсликува реалноста, сметаат надлежните и невладините организации во земјава.
-
Македонија 27.11.2018 12:39
Комисијата препорача да му се одземе имунитетот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
Без присуство на членовите од ВМРО-ДПМНЕ и без расправа, со пет гласа „за“, Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања донесе заклучок да му препорача на Собранието да му се одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски.
-
Свет 27.11.2018 12:23
Градоначалникот на Косовска Митровица поднесе оставка
Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ поднесе оставка од должноста, поради, како што рече, дискриминаторската политика на Приштина насочена против српскиот народ.
-
Свет 27.11.2018 11:51
Телефонски разговор Путин- Меркел за Украина
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за инцидентот во Керченскиот теснец. Изразил надеж дека Германија ќе влијае врз Киев да не донесе избрзани одлуки.
-
Македонија 27.11.2018 11:38
МТСП: Рударите ќе се пензионираат само со навршен пензиски стаж
Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“.
-
Македонија 27.11.2018 11:23
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Со сослушување на сведок предложен од одбраната, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за собраниските настани од 27-ми април минатата година.










