За квалитетен надзор над разузнавачките служби е неопходна експертска поддршка за собраниските комисии за надзор. Ова е клучната реформа што треба да обезбеди подобро демократско владеење.
Вести
-
Македонија 23.11.2018 14:54
-
Македонија 23.11.2018 14:29
По три години пауза извршена успешна трансплантација на бубрези од починат донор
Семејство на починат пациент се согласи по смртта да ги донира неговите бубрезите на некој, кому му се неопходни за живот. По три години пауза е направена успешна трансплантација од кадавер. Двајцата пациенти кои ги добиле органите подолго време биле на дијализа.
-
Економија 23.11.2018 14:17
Потребни се квалификувани кадри за развој на економијата
Германските компании сакаат да дојдат во Македонија, но потребни се доволно квалификувани кадри, а образованието мора да ги продуцира- порача германската влада. Со грантови, донации и искуства ќе ѝ помага на државава да ја подобри инфраструктурата, да ја зајакне бизнис климата.
-
Свет 23.11.2018 14:12
Грција: Смртоносна вооружена престрелка крај границата со Албанија
Дилер на дрога е убиен, а еден полицаец е повреден во вооружена престрелка во близина на грчко-албанската граница, на околу 50 километри од градот Јанина.
Според локалните медиуми од Епир, убиениот дилер е албански државјанин, а полицијата трага по уште четири лица.
-
Македонија 23.11.2018 13:55
Орбан: Унгарија праведно ги третира сојузниците
Без Груевски ќе беше потешко да се заштити унгарската граница од мигрантите. Затоа Унгарија праведно ги третира сојузниците. Премиерот Виктор Орбан во радио интервју наведува дел од причините зошто му даваат азил на поранешниот шеф на владата, Никола Груевски.
-
Свет 23.11.2018 13:17
Тензично на Косово по апсењето на четворица Срби
Припадниците на специјалната единица на косовската служба Росу рано изутрината упаднале во северниот дел на Косовска Митровица. Уапсиле четворица Срби на повеќе локации. Локалните жители велат дека биле вознемирени од истрели и сирени за тревога, кои се слушале речиси еден час.
-
Македонија 23.11.2018 13:10
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се однесува одговорно
Втора недела по бегството на Груевски, власта се уште молчи и не понесува одговорност. Јавноста дознава информации од други држави, а нашата влада се уште анализира.
-
Македонија 23.11.2018 13:08
СДСМ: Мицкоски призна дека е горд на криминалите
Антизападниот пион Христијан Мицкоски во вчерашното интервју призна дека е горд на криминалите на неговиот ментор и криминалната ВМРО-ДПМНЕ- обвини владејачката СДСМ.
-
Македонија 23.11.2018 13:03
8,3 милијарди денари за одбраната во 2019-та
8,3 милијарди денари за одбраната за 2019-та. Ресорната министерка го претстави буџетот.
-
Свет 23.11.2018 12:24
Граѓаните од ЕУ во неизвесност поради Брегзит
Европските државјани во сѐ поголема неизвесност поради политичките превирања на релација Лондон-Брисел за процесот за Брегзит. Меѓу клучните барања на поддржувачите на референдумот се забраната за слободно движење и враќањето на контролата на британските граници.










