„На 30-ти септември нема да излезам да гласам“ – претседателот Иванов од Детроит го соопшти конечниот став за референдумот. Пред нашите иселеници во САД рече дека спогодбата со Грција е штетна и поразителна за Република Македонија и оти ќе има несогледливи последици по нашите држава и народ.
Вести
-
Македонија 23.09.2018 09:45
-
Економија 22.09.2018 15:47
Од септември пет отсто повисоки плати во образованието, здравството и градинките
53.653 вработени во здравството, во основното и средно образование и во градинките септемвриската плата ќе ја добијат повисока за пет отсто. Од Министерството за финансии посочуваат дека од буџетот се обезбедени над 277 милиони денари.
-
Економија 22.09.2018 15:40
Преработувачката индустрија има голем потенцијал
Македонската лесна преработувачка индустрија има голем потенцијал тврдат од Македонската асоцијација на метална и електро индустрија „МАМЕИ“.
-
Македонија 22.09.2018 15:31
Иванов: Знаењето нема смисла ако не се користи
„Секоја цивилизација се соочува со предизвици, потребни се креативни решенија“, посочи претседателот Иванов во своето предавање на Државниот универзитет „Вејн“ во Мичиген. Говореше за раѓањето на новиот свет, за предизвиците и можностите на новите генерации.
-
Македонија 22.09.2018 15:11
Макрон: Верувам во иднината на земјата
Спогодбата од Преспа од 17-ти јуни овозможува напредок и подготовка за иднината, смета францускиот претседател Емануел Макрон.
-
Економија 21.09.2018 15:55
Сугарески: Капитални инфраструктурни зафати во Пелагонискиот регион
Се интензивираат градежните работи на битолската обиколница започнати пред еден месец. Надлежните очекуваат обновувањето на осумкилометарската делница вредно 1,5 милиони евра да заврши пред предвидениот рок од осум месеци.
-
Македонија 21.09.2018 15:38
Клиниката за неврохирургија го отвори новиот оддел за интензивна нега
Клиниката за неврохирургија го отвори новиот оддел за интензивна нега. Станува збор за проширување на просториите за триесетина квардратни метри во кои ќе бидат сместени 11 нови кревети за пацинтите.
-
Македонија 21.09.2018 15:28
Заев за МРТ: Нема друга Македонија освен нашата
Народот е обединет, особено околу нашите стратешки цели за аспирација кон ЕУ и НАТО, важно ми е и опозицијата да се одважи и да биде барем против бојкотот, бидејќи бојкотот не е решение.
-
Македонија 21.09.2018 15:21
ОЈО ќе истражува евентуална злоупотреба на малолетно лице за случајот „Скопјанка“
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас во врска со настанот што се случи на 19.09.2018 година, кога по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром, во стан во истата зграда беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хиги
-
Македонија 21.09.2018 14:54
Манчевски: 15 проценти од домаќинствата се без пристап до интеренет
85 илјади од домаќинставата, или 15 проценти немаат пристап до интернет. Од Министерството за информатичко општество велат дека во следните три години нема ниту интерес од операторите за градба на мрежа. Најавија, со пари од меѓународните финансиски институции државата ќе го решава проблемот.








