Вести

  • Свет 20.09.2018 13:16

    Невреме во повеќе региони од светот

    Најмалку две лица загинаа, повеќемина се повредени, а над илјада домаќинства останаа без струја во налетот на бурата „Али“ која погоди делови на Британија. Една жена загинала кога нејзиниот автомобил бил однесен од ветрот во бездна, а маж настрадал кога на него паднало стебло.

  • Македонија 20.09.2018 13:13

    ВМРО-ДПМНЕ: Власта не запира со расипништвото

    Власта предводена од СДСМ не запира со расипништво и секое дете, пензионер, вработен или невработен граѓанин го задолжи со нови 30 евра пред референдумот, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

  • Македонија 20.09.2018 12:59

    Претседателот Иванов на 73-тата сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк

    Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

  • Македонија 20.09.2018 12:55

    ДИК: Неопходни се два услова за успешен референдум

    Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30-ти септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК.

  • Македонија 20.09.2018 12:44

    Средба Заев- Пенс во Вашингтон

    Претстојниот референдум и напредокот на Македонија кон членството во НАТО, ова се очекува да бидат двете главни теми на разговор помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и американскиот потпретседател, Мајк Пенс во Вашингтон.

  • Свет 20.09.2018 12:43

    ЕУ самит во Салцбург: Нема согласност за Брегзит

    Брегзит е меѓу главните теми на вториот ден од средбата на лидерите на Европската унија во Салцбург, Австрија. Британската премиерка Тереза Меј претходно повика да се фокусираат на постигнување договор во наредните два месеца, порачувајќи дека преговорите нема да бидат продолжени.

  • Македонија 20.09.2018 12:12

    Фон дер Лаин: Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен

    Потврдена германската поддршка за македонските евроатлантски интеграции. Министерката за одбрана Фон дер Лаин изрази оптимизам за претстојниот референдум. Вели- убедена сум дека ќе биде успешен и дека земјава ќе се движи по вистинскиот пат.

  • Свет 20.09.2018 11:59

    Србија и ЕУ потпишаа договор за Фронтекс

    Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос и претставници на српските власти во Белград потпишаа договор за активностите на Европската агенција за контрола на надворешните ганици - Фронтекс.

  • Свет 20.09.2018 11:47

    Албанија: Опозицијата продолжува со бојкот на Собранието

    Албанската опозиција продолжува со бојкотот на Собранието и наместо во собраниската сала заседава во приморскиот град Валона.

  • Свет 20.09.2018 11:27

    ЕУ не постигна напредок во разговорите за миграција

    Лидерите на Европската унија не успеаја да постигнат напредок во надминување на разликите околу прашањата за миграцијата. На разговорите во австрискиот град Салцбург, се договорија дека Унијата треба да соработува со Египет по ова прашање.

Pages