Вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска протестираат пред Владата, барајќи спроведување на договореното за решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси.
Вести
-
Македонија 03.07.2018 11:32
-
Свет 03.07.2018 11:28
Извлекувањето на тајландските момчиња од пештерите може да трае со месеци
Членовите на фудбалскиот тим којшто беше пронајден во пештера на Тајланд е во критична состојба поради поплавениот простор од надојдената вода и големите количества кал од монсуните. Според војската, спасувачката операција би можела да трае и со месеци.
-
Македонија 03.07.2018 11:19
Денеска се празнува Свети Наум Охридски Чудотворец
Денеска се празнува Свети Наум Чудотворец, најблискиот соработник Свети Климент. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.
-
Македонија 03.07.2018 10:56
Законот за ДДВ и изградбата на центар за деца со аутизам на дневен ред на владината седница
Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледа предлог-измените на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.
-
Свет 03.07.2018 10:40
Помпео ќе замине за Северна Кореја на 5-ти јули
По трет пат, државниот секретар на САД Мајк Помпео ќе отпатува во Северна Кореја на преговори со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за денуклеаризација на Полуостровот.
-
Економија 03.07.2018 10:34
Почна користењето на парите од ИПАРД 2 програмата
По една инвестицијата за нова производствена линија за замрзнување на овошје и зеленчук и четири склучени договори за преработка на земјоделски производи, преку ИПАРД 2 програмата и 690 земјоделци со кофинансирање ќе набавуваат трактори во вредност од 6 милиони евра.
-
Македонија 03.07.2018 10:23
Заев, тројца министри и Жбогар во работна посета на Прилеп
Премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за финансии Драган Тевдовски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ќе престојуваат во работна посета на Прилеп.
-
Македонија 03.07.2018 09:38
Сончево време, попладне со дожд и грмежи
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, а попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
-
Македонија 02.07.2018 15:42
Протест пред Кривичниот суд за декриминализација на канабисот
Марихуаната пронајдена во домот на Филип Достовски има мал процент на психоативна супстанца и не преставува екстракт од опојна дрога. Обвинетиот ја користел за лекување, а не за трговија, тврди неговиот бранител Сашко Дуковски на стартот од судењето.
-
Македонија 02.07.2018 15:34
Заев: Бесплатно болничко лекување за сите граѓани од 1-ви јануари 2019-та
Премиерот Зоран Заев најави бесплатно болничко лекување за сите граѓани од 1-ви јануари 2019-та година.









