Со утврдениот датум од Европската унија, кон крајот на јули почнува скриниг процесот, вели премиерот Заев во ексклузивното интервју за Македонската телевизија. Очекува во јуни идната година отворање на поглавја.
Вести
-
Македонија 29.06.2018 13:45
-
Македонија 29.06.2018 13:16
НАТО: Покана на јулскиот самит, членство по имплементирање на договорот со Грција
За две недели на самитот на НАТО, Македонија ќе добие покана за да ги започне преговорите со Алијансата. Ќе стане полноправна членка- тогаш кога ќе го спроведе договорот со Грција.
-
Македонија 29.06.2018 13:04
Договорот со Грција повторно пред пратениците на 5-ти или на 6-ти јули
На 5-ти или 6-ти јули ќе се одржи собраниска седница на која по вторпат ќе се гласа за Законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција, најави собранискиот спикер Џафери, на брифинг со новинарите.
-
Македонија 29.06.2018 12:49
Европскиот совет со поддршка за почеток на преговори со Македонија
Македонија добива условен датум за почеток на преговорите за членство во јуни следната година. Тоа значи дека во наредниот период треба да се заврши домашната работа. Скрининг процесот почнува веднаш.
-
Свет 29.06.2018 12:05
Најмалку девет лица загинаа во експлозија на цистерна во Лагос
Најмалку девет лица загинаа во Нигерија, откако еден камион за нафта се запали на мост во Лагос. Агенцијата за управување со вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има и дете. Четири лица се повредени, а 54 возила беа изгорени.
-
Македонија 29.06.2018 11:59
Мас: Германија и натаму ќе ја поддржува Македонија
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија и побара од двете земји тоа да го сфатат како поттик.
-
Македонија 29.06.2018 11:53
Од недела потопло со темература до 33 степени
Локален дожд и ретки грмежи најавуваат метеоролозите за попладневните часови во Македонија. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во југозападните делови повремено засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 12 до 16 степени, а максималните од 19 до 28 степени.
-
Македонија 29.06.2018 11:09
СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех
Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех. Од владејачката партија велат дека Македонија доби кристално чист датум и утврден пат за подготовка за преговорите, што ќе почнат во јуни 2019-та година.
-
Македонија 29.06.2018 10:58
ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта констатирана и од ЕУ
Преговорите за членство во Европската унија не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија. Тоа е доказ дека обезличувањето на сопствената држава и народ не може да биде покритие за неспособноста, расипништвото и криминалот на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Економија 29.06.2018 10:44
Се очекува минимално намалување на цената на струјата
Се очекува мало намалување на цената на електричната енергија од август, но конечната одлука ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика закажана за денеска.










