Револтирани поради како што велат игнорантскиот однос, вработените од прилепски „Еурокомпозит“ поставија шатори пред Владата. Не си одат од тука, сѐ додека трајно не се реши егзистенцијата на 260 вработени во компанијата.
Вести
-
Македонија 03.07.2018 13:56
-
Македонија 03.07.2018 13:50
Град Скопје почна постапка за набавка на нови 40 еко-автобуси
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе добие нови 40 еколошки автобуси на гас. Постапката е отпочната, тендерот се очекува да биде распишан на есен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.
-
Македонија 03.07.2018 13:33
Судењето за „Титаник“ одложено за 16-ти август
Денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Титаник“ е одложено за 16-ти август поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ е во болница по породувањето.
-
Свет 03.07.2018 13:21
Меркел и Зеховер постигнаа компромис
Лидерите на двете сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, Ангела Меркел и Хорст Зехофер, на состанокот во Берлин низ компромис успеаја да ги надминат разликите за мигрантската криза. Нивните коалициски партнери од СПД го чекаа расплетот на разговорите со кои се одредуваше иднината на германската влада.
-
Македонија 03.07.2018 13:15
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја уништува Македонија на меѓународен и на домашен план
Заев ја уништува Македонија на меѓународен и на домашен план, вели ВМРО- ДПМНЕ. Прифати обезличување на сопствената држава и народ, промена на Уставот, идентитетот и јазикот, дополнуваат во оваа партија.
-
Македонија 03.07.2018 13:09
Дескоска: Нов модел на Антикорупциска комисија
Антикорупционери според нови критериуми, Антикорупциска во ново руво, најавува министерката за правда Рената Дескоска. Таа посочи дека работната група треба да дефинира модел на експертска комисија ослободена од политички влијанија.
-
Свет 03.07.2018 13:07
Тајланд: Неизвесна судбината на фудбалскиот тим во пештерата
Членовите на фудбалскиот тим коишто беа пронајдени во пештера на Тајланд се во критична состојба поради поплавениот простор од надојдената вода и големите количества кал од монсуните. Според војската, спасувачката операција би можела да трае и со месеци.
-
Македонија 03.07.2018 13:03
Курц: Западниот Балкан заслужува членство во ЕУ
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на пленарната седница на Европскиот Парламент ги презентираше приоритетите на австриското претседавање со ЕУ, кое започна на 1-ви јули и ќе трае до 31-ви декември 2018-та година, нагаласувајќи дека Западниот Балкан заслужува членство во ЕУ.
-
Македонија 03.07.2018 11:58
Димитров во работна посета на Стразбур
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров при работната посета на Стразбур, денеска ќе се сретне со претседатели на пратенички групи во Европскиот парламент.
-
Свет 03.07.2018 11:38
Меркел: Постигнат компромис- транзитни центри за мигрантите
Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека е постигнат компромис за миграцијата по состанокот со Христијанско социјалната унија, најмалиот коалициски партнер во нејзината Влада.










