Генералното собрание на ОН избира нов претседател. По четврти пат се назначува жена на чело на Светската организација којашто функционира 73 години.
Вести
-
Свет 05.06.2018 11:41
-
Македонија 05.06.2018 11:38
Наскоро телефонски разговор Заев- Ципрас
Премиерот Зоран Заев се воздржува од детали за преговорите со Грција за разликата со името. Останува внимателен, како што вели, сѐ додека не се случи клучниот телефонски разговор со неговиот грчки колега Ципрас. Заев додава дека во прашање се денови.
-
Економија 05.06.2018 11:19
Се продолжува рокот за приватизација на државно земјиште
Министерството за финансии подготви измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето.
-
Македонија 05.06.2018 11:15
Приведени странски државјанки во угостителски објекти во Сараќино и Тетово
Во акциски контроли на полицијата спроведени ноќеска во угостителски објекти во село Сараќино и Тетово се затекнати и приведени странски државјанки од Србија, Црна Гора и Албанија за злоупотреба на туристички престој и нелегално работење.
-
Свет 05.06.2018 11:12
Се зголемува бројот на жртвите од вулканската ерупција на Фуего
Тридневна жалост во Гватемала поради жртвите во вулканската ерупција на Фуего. Од 70 загинати, властите идентификувале 17 од телата во селата Лос Лотес и Ел Родео.
Повредени се 46 луѓе, а околу 2.000 лица се сместени во посебни засолништа. Евакуација е спроведена на над 3.200 лица.
-
Македонија 05.06.2018 11:09
Економски теми на првата седница на Владата во подновен состав
Владата на денешната 71-ва седница треба да разгледа неколку точки кои се однесуваат на Технолошките индустриски развојни зони што се однесуваат на измени на Статутот на Дирекцијата за ТИРЗ, за давање под закуп на земјите во зоните, висината на закупнините, како и за давање државна помош на одред
-
Македонија 05.06.2018 10:53
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се спротивставија на криминалите на Заев и неговиот картел на власт
Граѓаните на Република Македонија се охрабрија, излегоа и се спротивставија на криминалите на Заев и неговиот картел на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Култура 05.06.2018 10:44
Уму Сангаре го затвора ОФФест
Уму Сангаре, најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали, вечер од 20.30 часот ќе настапи во Македонската опера и балет и ќе го затвори 17. ОФФест.
-
Македонија 05.06.2018 10:41
Протести во 13 градови во Грција за името „Македонија“
Во 13 градови од северниот дел на Грција, утревечер ќе се одржат 13 паралелни протести за „Грчкиот карактер на Македонија“.
-
Свет 05.06.2018 10:08
Потврдена средбата Трамп- Ким за 12-ти јуни во Сингапур
Белата куќа потврди - првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур.










