Вести

  • Култура 04.06.2018 10:49

    Мариовско- мегленски културни средби

    Со носталгија, многу копнеж и обновени спомени, мариовци, повеќето некогашни, и малку сегашни жители, се сретнаа по 34-ти пат на „Мариовско- мегленските културни средби“.  Големото Мариово, но, една од најретко населените области на Балканот, сега брои околу 300 жители, претежно стари луѓе.

  • Македонија 04.06.2018 10:30

    Град ги уништи овошките во Радовиш

    Град со големина на лешник вчера попладне паѓаше во Радовишко. Уништени се посевите и овошките во овој регион.

    Во Катлановско исто така имаше порој и врнежи од град во текот на ноќта. Повеќе информации очекуваме од надлежните во текот на денот.

  • Свет 04.06.2018 10:23

    Јанша доби мандат за формирање Влада

    Со освоени 25% од гласовите, антиИмигрантската опозициска партија во Словенија се пласираше на првото место на парламентарните избори.

  • Свет 04.06.2018 10:04

    Над 20 лица загинаа при ерупција на вулкан во Гватемалa

    20-тина лица загинаа, а околу 300 се повредени при ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала.

    Еден од најактивните вулкани во Централна Америка исфрла стопени карпи, црн чад и пепел. Евакуиран е дел од населението, а властите го затворија аеродромот Аурора во главниот град.

     

  • Свет 04.06.2018 08:38

    Партијата на Јанша победи на изборите во Словенија

    Опозициската конзервативна Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша победи на вчерашните предвремени парламентарни избори во Словенија.

  • Македонија 04.06.2018 08:35

    Сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

    Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

  • Македонија 04.06.2018 08:32

    Слаб земјотрес почувствуван синоќа во Скопје

    Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран синоќа во 21 часот и 29 минути во скопскиот регион. Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри источно од Скопје на длабочина од еден километар.

  • Македонија 04.06.2018 08:23

    Продолжува судењето за случајот „Тарифа“

    Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште други две лица.

  • Македонија 04.06.2018 08:22

    Седници на три собраниски комисии

    Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт и за транспорт, врски и екологија.

  • Економија 01.06.2018 16:17

    Нова авиолинија Скопје- Варшава

    За 20- тина дена истекува договорот со нискобуџетската „Виз Ер“, со нови пет милиони евра од државната каса во следните три години ќе продлжи субвенционирањето на евтините авиолетови. Владата сѐ уште ги работи критериумите, јавниот повик го најави за крајот на јуни.

Pages