Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување поширок консензус за прашањето за името, претседателот Иванов од премиерот Заев бара да му го достави предлогот за водење на преговорите со уставна основа, нацрт-договорот и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.
Вести
-
Македонија 01.06.2018 14:49
-
Македонија 01.06.2018 14:43
Почна кампањата „На секое дете му треба семејство“
Секое дете треба да расте во семејство или најблиску налик до него, опкружен со топлина и љубов. Децата го заслужуваат тоа.
-
Економија 01.06.2018 14:33
Царинска управа: Се подготвува нов закон за акцизите
Се подготвува нов Закон за акцизи и возила кој предвидува возилата да не подлежат на акциза, велат од Царинската управа. Со новиот закон, давачките ќе се регулираат преку посебен данок кој ќе се утврдува врз основа на емисијата на издувните гасови, амортизацијата и горивото.
-
Македонија 01.06.2018 14:26
Прва реконструкција на тимот на премиерот Заев
Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат обврските, согласно законот и владините определби за остварување на стратегиските интереси на Република Македонија, во интерес на граѓаните, вака премиерот Заев објасни зошто менува дел од ти
-
Свет 01.06.2018 13:50
Шпанскиот Парламент му изгласа недоверба на Рахој
Шпанскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот Маријано Рахој. Функцијата ја презема лидерот на социјалистите Педро Санчез.
За смена на Рахој гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против. Санчез ќе ја презеде функцијата в понеделник и ќе именува свој кабинет следната недела.
-
Македонија 01.06.2018 13:39
Метео: Променливо време за викендот, температурата до 32 степени
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време особено во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степена.
-
Македонија 01.06.2018 13:38
Продажба и дополна на „Скопска“ на нови 45 места
ЈСП Скопје оспособи 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, што значи дека освен во 32 билетарници на ЈСП Скопје, „Скопска“ може да се надополнува и на уште 45 локации (маркети, трафики и слично) на најфрекфентните места низ градот/општините.
-
Македонија 01.06.2018 13:30
Нова сензорна соба за подобра дијагностика на децата со аутизам
Сензорна соба за децата со аутизам, за подобра дијагностика. Тука децата ќе бидат дополнително анализирани. Ќе се испитува сензитивноста и психомоторниот развој на децата, а ќе се работи и на социјализација. Сензорната соба е наменета за деца со тешки развојни нарушувања и аутизам.
-
Економија 01.06.2018 12:54
Царината електронски ќе ја определува вредноста на половните возила
Од денеска се воведува електронско определување на вредноста на половните возила, соопштуваат од Царинската управа.
-
Свет 01.06.2018 12:45
ЕУ, Канада и Мексико против одлуката на САД за царини за челик и алуминиум
Стапуваат во сила американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија. САД наметнaa царини од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за увозот на алуминиум од блокот, Канада и Мексико.










