Утре во Македонија ќе се задржи умерено облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од западен правец.
Услови за локални врнежи од дожд се очекуваат во крајните источни и западни планински подрачја.
Утре во Македонија ќе се задржи умерено облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од западен правец.
Услови за локални врнежи од дожд се очекуваат во крајните источни и западни планински подрачја.
Ќе се бара правично решение за нотарите и за адвокатите, но целта е да се намалат трошоците на граѓаните пред секоја постапка, изјави премиерот Зоран Заев пред средбата со коморите.
Уставниот суд на Република Македонија укина дел од членот 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците.
Утврди дека функцијата потпретседател на Влада не постои во правниот промет и аналогно на тоа не може да се пресметува посебен коефициент на плата за таа функција.
Владата на премиерот Роберт Фицо е пред колапс откако неговиот помал коалициски партнер побара предвремени избори поради политичката криза предизвикана од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Москва мора до крајот на денот да објасни зошто нервниот агенс од руско производство бил употребен за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, ќе пристигне во Скопје на 22-ри март во дводневна посета, објави грчкиот весник „Та Неа“.
Општините ќе добијат 120 милиони евра преку целосно спроведување на Законот за рамномерен регионален развој. Владата ќе се задолжува во име на локалните самоуправи. Се чекаат понуди од меѓународни институции, а се разговара и со домашните банки за средствата.
Шансите за постигнување решение за името се намалуваат ако се поставуваат црвени линии, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Според американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија е дело на Русија, за кое ќе следува одговор. Потенцираше дека руската Влада можеби не знаела за инцидентот, но отровот сигурно потекнувал од таа земја.
На денешен ден во 1981-ра година во Министерството за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи е формирана единицата за специјални задачи, позната како „Тигар“.