Утре во Македонија се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во попладневите часови.
Врнежите ќе бидат поинтензивни во западните и крајните источни делови (локално над 15 литри на метар квадратен).
Утре во Македонија се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во попладневите часови.
Врнежите ќе бидат поинтензивни во западните и крајните источни делови (локално над 15 литри на метар квадратен).
Собранието го избра државниот правобранител Насер Ајдари за нов уставен судија, а поранешниот судија Ангел Солев и адвокатот Ангеле Илиевски за нови членови на Советот на јавни обвинители.
На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Германскиот претседател Франк Валтер-Штајнамјер со препорака за четвртиот мандат на канцеларката Меркел во Парламентот.
Претходно, Социјалдемократската партија потврди дека влегува во голема коалиција со демохристијаните.
Поранешниот претседател на Државната комисија за спречување на корупција, Горан Миленков поднесе оставка. Доставена е до Собранието.
Финансискиот сектор е стабилен, системските ризици минимални. Банките се добро капитализирани, високо ликвидни, подготвени да ја поддржат македонската економија, потребна е засилена инвесетициска активност- заклучи Комитетот за финансиска стабилност.
Српската Напредна партија на Александар Вучиќ однесе убедлива победа на градските избори за Собранието на Белград со освоени 45% гласови и ќе има 64 одборници во градското собрание кое брои 110 одборници. И самиот лидер на напредњаците, Александар Вучиќ синоќа прогласи победа на изборите
Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС- 98 и на дизелот се зголемува, а ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
По повеќе од половина месец, хуманитарен конвој успеа да влезе во Источна Гута, контролирана од бунтовниците. 46 камиони треба да достават храна и основни производи за живот на 27.500 луѓе.
Вкупната вредност на извозот во јануари годинава бележи пораст од 27,8% во однос на истиот поериод минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Се забележува и раст на увозот за 24,2% за истиот период.
Во двор на напуштена куќа во скопско Арачиново вчера биле пронајдени девет парчиња ракети за минофрлач. Случајот бил пријавен во полиција, соопшти МВР.
Како што информираат оттаму, увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам.