„Еуроникел“, претставништвото на швајцарската компанија „Гсол“ ќе ги покрие сите обврски кон транспортерите на „Фени“. Нивните вкупни побарувања изнесуваат 3,1 милиони евра, и практично се побарувања од „Нова Логистик“, фирма која најверојатно ќе влезе во стечај.
Вести
-
Економија 02.03.2018 12:28
-
Свет 02.03.2018 11:42
САД ќе ѝ продаваат на Украина противтенковски ракетни фрлачи
Со купопродажен договор од 47 милиони долари, САД ќе ѝ продаваат на Украина противтенковски ракетни фрлачи „Џевлин“.
Системот ќе ги засили одбранбениот капацитет за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет.
-
Свет 02.03.2018 11:00
Пуџдемон го отстапи местото на својот колега Санчез
Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон му го отстапи своето место на шеф на владата,на сопартиецот Жорди Санчез.
Санчез е притворен поради соучество во референдумот за независност, па на неговиот избор се спротивставуваат партиите коишто се залагаат за обединета Шпанија.
-
Економија 02.03.2018 10:58
Одложен состанокот Николовски- Љајиќ
Одложен е состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија на кој требаше да се изнајде решение за проблемот со увозот на српското брашно, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водост
-
Македонија 02.03.2018 10:56
Одложено рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошкоски
Врховниот суд во Атина за 9-ти март го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун за поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски, бидејќи беше отсутен еден од адвокатите, пренесува МИА.
-
Македонија 02.03.2018 10:41
Спречен обид за криумчарење мигранти во кумановско
Полициски службеници спречија обид за криумчарење мигранти кои се наоѓале во патничко возило, на патот од Куманово кон село Костурник.
-
Македонија 02.03.2018 10:28
Јавна дискусија за политиките и транспарентноста на Владата
Јавна дискусија за размена на идеи и мислења за актуелните владини политики и процеси поврзани со нејзината транспаратеност ќе се одржи денеска во Владата на РМ.
-
Економија 02.03.2018 10:26
Николовски и Љајиќ ќе бараат решение за проблемот со брашното
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска во Скопје ќе разговараат за надминување на проблемот околу увозот на српско брашно.
-
Македонија 02.03.2018 10:21
Рочиште за случајот „Сопот“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот“, на кое исказ треба да дадат петмина полициски службени лица. Поради смена на судечкиот совет судењето за случајот „Сопот“ минатиот месец почна од почеток.
-
Македонија 02.03.2018 10:19
Во Собранието презентација на унифицирана форма на годишни извештаи
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да утврди формат на извештаите кои независните органи и институции ги доставуваат до Законодавниот дом, а кои се во надлежност на Комисијата.










