СДСМ ја навреди македонската дијаспора дека е примитивна, поистоветувајќи ја со еден изолиран случај, само затоа што иселениците имаа храброст да го кренат гласот против антидржавните политики на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вести
-
Македонија 05.03.2018 12:49
-
Свет 05.03.2018 12:44
„Обликот на водата“ триумфираше на Оскарите
„Обликот на водата“ на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо доби оскар за најдобар филм. Беше номиниран во 13 категории, а доби четири награди. Фантастична романтична драма за една немоќна жена која се вљубува во мистериозно водно суштество, заробено во владина лабораторија.
-
Македонија 05.03.2018 12:24
Заев- Мицкоски: Остануваат разликите за името и за Законот за јазици
Два часа разговори меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Остануваат разликите за името и за Законот за јазиците.
-
Македонија 05.03.2018 10:52
Собранието ќе избира уставен судија и членови на Советот на ЈО
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на која на дневен ред се Предлог за избор на судија на Уставниот суд и Предлог за избор на членови на Советот на јавните обвинители.
-
Македонија 05.03.2018 10:50
Двојно зголемени водотеците на повеќето реки низ Македонија
Речиси тројно повисоко е нивото на реката Треска кај Македонски Брод во споредба со просекот за февруари, а Вардар и Сатеска се двојно зголемени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
-
Економија 05.03.2018 10:48
Продолжуваат разговорите меѓу Николовски и Љајиќ
Телефонски разговор меѓу македонскиот министер за земјоделство, Николовски и српскиот министер за трговија Љајиќ за проблемот со брашното. Од ресорот земјоделство најавија детали откако Николовски во текот на денов уште еднаш ќе се слушне со Љајиќ.
-
Македонија 05.03.2018 10:43
Одложено рочиштето за случајот „Шпион“
Повторно одложено рочиштето за случајот „Шпион“ поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите.
-
Култура 05.03.2018 10:33
Изложба на фотографии: „Москва денес“ во Прилеп
Спој на современото и традиционалното, пулсот на животот во една од светските метрополи, доловува изложбата на фотографии насловена „Москав денес“ отворена во прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“.
-
Свет 05.03.2018 10:23
Избори во Италија: Популистите во водство, никој нема мнозинство
Според прелиминарните резултати, движењето „Пет ѕвезди“ на Луиџи ди Мајо води на парламентарните избори во Италија, со освоени 33,1 % во Сенатот и 34,1 процент за Домот на пратеници. И покрај најголемата поддршка, партијата нема доволно гласови за формирање влада.
-
Македонија 05.03.2018 10:17
Штети кај пролетната зелка
Неизвесна е бербата на 40.000 тони на скоро 1.000 хектари со пролетната зелка во струмичко, поради можните штети од температурните разлики од минатата недела кои се движеа од минус 10, па до плус 16 степени.









