Дирекцијата за заштита и спасување ги реактивира тимовите за интервенција. За брз одговор се ангажираат и професионалци од разни специјалности. Два тима од по осум члена се обучуваат за спасување планинари.
Вести
-
Македонија 27.02.2018 13:08
-
Македонија 27.02.2018 12:59
Британска поддршка за македонските аспирации за членство во ЕУ и во НАТО
Премиерот Заев и вицепремиерот Османи на средба со британската премиерка Тереза Меј и со министерот за надворешни работи Борис Џонсон.
-
Свет 27.02.2018 12:50
Убиен истражувачки новинар во Словачка, ЕУ побара темелна истрага
Словачки истражувачки новинар беше смртно застрелан во семејниот дом. Полицијата ги нашла безживотните тела на 27-годишниот Јан Кучијак и неговата свршеница во Велка Маца, источно од Братислава. Истражувал и пишувал за затајување данок.
-
Македонија 27.02.2018 12:43
Дебата за насилството врз децата на меѓународна конференција во Скопје
Постојат повеќе кривични основи по кои може да се гонат лицата коишто тргувале и ја силувале штитеничката од домот „25 Мај“, смета директорот на првата детска амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац.
-
Македонија 27.02.2018 12:34
Одложена утрешната седница на Судскиот совет
Поради службено отсуство на претседателот и на дел од членовите, Судскиот совет ја одложи утрешната седница. Советот според дневниот ред требаше да донесе одлука за избор на претседател на скопска Апалација како и за Основниот суд во Дебар.
-
Свет 27.02.2018 11:10
Канада ќе прими околу милион мигранти до 2020-та година
Либералните власти во Канада планираат да примат околу милион мигранти до 2020-та година.
За реализација на миграцискиот план на иницијатива на Владата на премиерот Џастин Трудо ќе бидат потребни околу 440 милиони канадски долари.
-
Македонија 27.02.2018 11:08
Законите за судови и за Судски совет на владина седница
Измените и дополнувањата на Законите за Судски совет и за судовите, на дневен ред на владината седница.
-
Македонија 27.02.2018 11:06
Остатоци од снег на патиштата, забрани за тешки товарни возила
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните служби на екипите на „Македонија пат“. Се препорачува прилагодување на брзината според условите на патиштата.
-
Македонија 27.02.2018 11:01
Двојно зголемени нивоата на реките
Двојно поголеми од просекот за февруари се водостоите на реките низ Македонија, а езерата се на речиси исто ниво, покажува денешното хидролошко мерење.
-
Економија 27.02.2018 11:00
Поголема наплата во буџетот во јануари
Во првиот месец од годината поголема наплата во буџетот споредено со истиот период лани. Од ресорот финансии информираат дека во државната каса се прибрани нешто повеќе од 13 милијарди денари или 6,89 проценти од вкупниот буџет за годината, додека расходите се реализирани со 6,56 насто.









