Сѐ уште во Македонија побитно е да се осигури автомобилот отколку домот. Само пет насто од домаќинставата во државава имаат полиси. Трошок или недоверба. Поради високиот степен на ризик, компаниите ги заострија условите и цените, се насочија кон развој на призводи кон задолжителните класи.
Вести
-
Економија 26.02.2018 15:33
-
Економија 26.02.2018 15:00
Рестартиран производствениот процес во „Фени“
Утрово успешно е рестартиран производствениот процес во кавадаречки „Фени“. Опремата целосно е ставена во функција и тековно се врши дотур на репроматеријали за континуирано производство, се вели во соопштението на компанијата „Еуроникел“, претставништво на швајцарската „Гсол“ во земјава.
-
Македонија 26.02.2018 14:58
Студен бран во Македонија, најмногу снег во Маврово
Ниски температури, врнежи од снег. Македонија е под влијание на студен бран. Најмногу снег има во Маврово, каде што е формирана снежна покривка од 78 сантиметри, а во Скопје 15. Најмалку снег има во Прилеп.
-
Економија 26.02.2018 14:51
Презентирани инвестициските предности на Македонија
Квалитетната инфраструктура- патна и железничка, како и гасификацијата се најважните предизвици што стојат пред регионот.
-
Македонија 26.02.2018 14:42
14 години од смртта на претседателот Трајковски
Одбележани 14 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, кој трагично загина во авионска несреќа кај Ротимље, Мостар. Во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел пред споменикот, положија цвеќиња семејството, повеќе делегации, од дипломатскиот кор и граѓани.
-
Економија 26.02.2018 14:28
Во декември 75,2 отсто од потрошената струја од домашно производство
Македонија лани во декември вкупно потрошила 789.209 мегават часови електрична енергија, 38.090 милиони нормални метри кубни природен гас, 535.674 тони јаглен и 99.083 тони нафтени продукти.
-
Свет 26.02.2018 14:16
Жртви од поларниот студ во Европа
Една жрвта во Франција и две во Полска, откако ледениот бран од Сибир се проширил низ целиот континент. Во Русија, Државниот метеоролошки завод предупреди дека до 28-ми февруари земјата ќе ја погодат ниски температури и големо невреме.
-
Економија 26.02.2018 13:41
Расте цената на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата на светските берзи минатата недела, втора седмица по ред, пораснаа за над три насто, како последица на проблемите со производството на енергенсот во Либија, и информациите за намалување на нафтените резерви на глобално ниво.
-
Македонија 26.02.2018 13:39
Готов е обдукцискиот наод за починатата родилка
Минатата недела во Министерството за здравство пристигнале извештаите од обдукцискиот наод од судска медицина за родилката од Кичево, која почина при породување во болницата „Санте Плус“, потврди министерот Филипче.
-
Македонија 26.02.2018 13:28
Светскиот Македонски конгрес бара итно повлекување од разговорите за името
Светскиот Македонски конгрес во соработка со неколку меѓународни организации на наши иселеници, за утре најави протестен марш.










