Владата ги усвои измените на Законот за стечајци. Според проценките, ќе бидат опфатени уште 1.900 луѓе кои останале без работа поради приватизација.
Вести
-
Македонија 27.02.2018 15:50
-
Македонија 27.02.2018 15:41
Нови случаи на злоупотребени деца
Два нови случаи на сексуална злоупотреба во Домот „25 Мај“. Мајка на две сестри од ромска националност пријавила дека нејзините деца, кои биле штитенички на установата, биле жртви на постар маж кој ги земал од домот, ги однел кај Старата железничка станица и сексуално ги злоупотребил.
-
Македонија 27.02.2018 15:29
Задржување на младите во руралните средини
Македонија е земја со неискористени рурални капацитети. Европската унија преку проект ќе се обиде да ги задржи младите во селата. Имаат за цел градење на капацитетите за да станат фактор во креирањето на локалните политики.
-
Македонија 27.02.2018 15:14
Граѓански инцијативи за измени во законите
Здравствена заштита на пациентите со ретки болести, зголемување на породилното отсуство, социјална инклузија на лица со попреченост и нивните семејства, спречување на говорот на омраза во медиумите. Ова се само дел граѓански иницијативи кои биле доставени до Законодавниот дом.
-
Свет 27.02.2018 14:55
Словачките власти го бараат убиецот на новинарот
Словачки истражувачки новинар беше смртно застрелан во семејниот дом. Полицијата ги нашла безживотните тела на 27-годишниот Јан Кучијак и неговата свршеница во Велка Маца, источно од Братислава. Истражувал и пишувал за затајување данок.
-
Свет 27.02.2018 14:38
Сирија: Петчасовно примирје во Источна Гута
Петчасовно примирје во Источна Гута каде што владините сили вршат напади врз бунтовничките упоришта.
Сојузникот на сириската влада побара пауза за да им се дозволи безбеден излез на цивилите од завојуваните зони. Доставата на хуманитарни пратки е попречена.
-
Македонија 27.02.2018 14:35
Метео: Минусни температури, врнежи од снег
Утре во Македонија ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремен локален слаб снег особено во претпладневните часови.
Повеќе услови за снежни врнежи се очекуваат во крајните западни и северни делови.
-
Македонија 27.02.2018 14:27
Чапаровски призна дека побарал поткуп, доби условна казна
Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија Александар Чапаровски призна дека побарал поткуп, за што првостепениот суд му изрече едногодишна условна затворска казна која нема да се изврши доколу во следниве две години не стори ново кривично дело.
-
Македонија 27.02.2018 14:25
Захариева: Местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ, штом бидат подготвени за прием
Европската перспектива на Западниот Балкан како приоритет на бугарското претседателство со ЕУ било тема на Советот за општи работи во Брисел.
-
Македонија 27.02.2018 13:17
Во Битолскиот регион патиштата расчистени
Битолската подружница на „Македонија пат“ на висината од задачата во зимски услови. 23 години со тешките возила ги чистам патиштата. Исклучително сум задоволен што по обилните врнежи од снег не ја слушнав констатацијата „Снегот ги изненади“- вели возачот Тони Ристевски.










