Според најавите на првиот човек на државната компанија задолжена за градење на првата фаза на нациналната гасоводна мрежа, системот до вратата на Битола ќе стигне до јанури 2020-та годуна.
Вести
-
Македонија 12.02.2018 14:59
-
Свет 12.02.2018 14:52
Штрајк на полицијците во Словенија
Полицајците и други вработени во Министерството за внатрешни работи на Словенија почнаа штрајк, со барање за зголемување на платите за околу 15 насто, што е прв во бранот штрајкови во јавниот сектор најавени за оваа недела.
-
Култура 12.02.2018 14:25
Промоција на монографијата „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“
Монографијата „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“, во авторство на игуманијата Илијана, ќе биде промовирана утре со почеток од 19:00 часот, во свечената сала на Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.
-
Економија 12.02.2018 14:21
Расте бројот на туристи
За 16,6 отсто пораснал бројот на туристи лани, во однос на 2016-та година. Бројот на ноќевања се зголемил за 12,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, домашните туристи биле побројни за 19 отсто, а странските за 24,7 проценти.
-
Свет 12.02.2018 14:12
Пронајдена црната кутија на рускиот авион што се урна вчера
Спасувачките екипи ја пронајдоа црната кутија на авионот АН-148, кој се урна во област југоисточно од Москва. Руските власти соопштија дека меѓудржавниот воздухополовен комитет работи на потврдување и идентификација на уредот.
-
Македонија 12.02.2018 14:09
Неисправна вода за пиење во четири прилепски села
Во четири прилепски села не е исправна водата за пиење. Ова го покажале анализите на Центарот за јавно здравје.
-
Македонија 12.02.2018 13:25
УХМР: Нов влажен бран во котлините, снег на планините
Под влијание на влажен бран утре ќе има врнежи од дожд долж Повардарието, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни ќе бидат во западните и југоисточните подрачја каде ќе наврнат над 30 л/м 2.
-
Свет 12.02.2018 12:57
Средба Китаровиќ- Вучиќ за војната во СФРЈ, малцинствата, границата и економијата
Силно полициско обезбедување во Загреб за српскиот претседател Вучиќ кој се сретна со хрватската колешка Колинда Грабар Китаровиќ. Чувствителните прашања од распадот на поранешна Југославија и војната во 90-тите години на минатиот век се доминантна тема на разговорите.
-
Македонија 12.02.2018 12:51
Мицкоски ја почна посетата на Словенија
Почна неколкудневната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на регионот. Тој во Словенија веќе се сретна со лидерот на словенечката опозиција Јанша со кого разговарале за соработката, политичката состојба и за членството во ЕУ и во НАТО.
-
Македонија 12.02.2018 12:45
Средба Заев- Јилдирим, унапредување на билатералната соработка
Премиерот Зоран Заев ја почна официјалната работна посета на Турција со средбата со неговиот домаќин во Анкара- премиерот Јилдирим. Договори во областа на енергетиката, одбраната, туризмот, зголемување на севкупната економска соработка, но и во спречувањето на тероризмот.








