Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ноќеска во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Вести
-
Македонија 29.11.2017 08:43
-
Македонија 29.11.2017 08:39
Собранието треба да ги разгледа барањата за одземање на имунитетот на шест пратеници
Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања се очекува денеска да расправа за барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот за шестмина пратеници, кои обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата
-
Македонија 28.11.2017 16:34
Членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Кривичниот суд
Членови и приврзаници на ВМРО- ДПМНЕ протестираат пред Основниот суд како реакција на апсењето на 36 лица за случувањата на 27-ми април во Собранието. На присутните им се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со повеќемина пратеници и раковиодството на партија.
-
Македонија 28.11.2017 16:28
Обвинителството гони 36-мина за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Полицијата приведе пратеници, уметници, поранешни први луѓе на државни институции, екс директорот на Бирото за јавна безбедност и граѓани, за настаните кои се случија на 27- ми април во Законодавниот дом. Приведените на исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка.
-
Македонија 28.11.2017 16:05
Груевски: СДС да престане со политичкиот прогон
Заев и СДСМ брутално удираат кон тие што мислат и дејствуваат македонски.
-
Македонија 28.11.2017 15:48
Заев- Кечијанг: Помошта од Кина е значајна за инфраструктурна модернизација на Македонија
Помошта од Кина е од историско значење за инфраструктурната модернизација на Македонија, оцени премиерот Зоран Заев на средбата во Будимпешта со неговиот кинески колега Ли Кечијанг.
-
Свет 28.11.2017 15:16
Куба: Почна изборниот процес за наследникот на Раул Кастро
Заврши првата етапа од изборниот процес на Куба, претходно закажан за 22 октомври, па откажан поради катастрофалните последици од ураганот Ирма.
-
Економија 28.11.2017 15:09
Во државната каса инкасирани повеќе пари од даноци
Зголемена е наплатата на даноци. Во државната каса изминатите 10-ина месеци се инкасирани 4,7 насто повеќе пари од даночните обврзници- тврдат од Министерството за финансии. Се подобрува економската активност на фирмите, забрзан е и повратот на ДДВ- оценува министерот Тевдовски.
-
Македонија 28.11.2017 15:01
СДСМ: Институциите имаат обврска да постапуваат
Од СДСМ велат дека Македонија е сериозна и демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот да постапуваат согласно со јасни законски процедури, за целосно расчистување на настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани.
-
Македонија 28.11.2017 15:00
Вељаноски: Државата го покажа најлошото, недемократско лице
Со приведувањето на двајца административни службеници, родители и сопрузи на малолетни деца, државата го покажа најлошото, недемократско лице.










