Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг, во прва официјална посета на Кина, каде што ќе престојува помалку од 48 часа. Кина е воедно и третата станица од 12-дневната азиска турнеја на Трамп, откако претходно ги посети Јапонија и Јужна Кореја.
Вести
-
Свет 08.11.2017 13:18
-
Свет 08.11.2017 13:10
Афера „Агрокор“: Ивица Тодориќ ослободен со кауција
Со кауција од 100 илјади фунти, Судот во Лондон го ослободи сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ кој вчера сам и се предаде на полицијата. Одземен му е пасошот, ќе мора да носи безбедносна алка и да се јавува три пати неделно во полиција.
-
Македонија 08.11.2017 13:01
Системски ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје
Системски ќе се решава проблемот со аерозагадувањето во метрополата. Според градоначалникот Шилегов, за 10 години во Скопје воздухот ќе биде чист.
-
Економија 08.11.2017 12:51
Наскоро почнува изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш
За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш во должина од 23,5 киломтери. Изгрдабата ќе се врши на комплетно нова траса. Инвестицијата чини 28 милиони евра, пари обезбедни од Европската банка за обнова и развој.
-
Македонија 08.11.2017 12:40
Грујевски осуден на една ипол година затвор, условни казни за останатите
Изречена пресудата за случајот „Тврдина 2“. Поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски доби 1,5 година затвор за уништување на опремата за прислушување во УБК, додека другите шетмина вработени во УБК, обвинети во случајот добија условни казни- одлучи Кривичниот суд во Скопје.
-
Македонија 08.11.2017 12:25
Прислушуваните материјали ќе бидат дел од доказниот материјал во случајот „Тенк“
Апелацискиот суд одлучи- прислушуваните материјали ќе бидат дел од доказниот материјал во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот Мерцедес.
-
Свет 08.11.2017 12:22
Каталонија: Сепаратистите не постигнаа договор за предизборна коалиција
Каталонските сепаратистички партии не постигнаа договор за настап со единствена кандидатска листа на регионалните избори закажани за 21 декември.
-
Македонија 08.11.2017 11:57
Иван Џолев избран за претседател на скопскиот Кривичен суд
Судскиот совет на Република Македонија седница со 11 гласа „за“ и два „против“ го избра Иван Џолев за нов претседател на Основниот суд- Скопје 1.
-
Свет 08.11.2017 11:43
САД: Демократите слават победа на локалните избори
Демократскиот градоначалник на Њујорк, Бил де Бласио освои втор мандат со 66 проценти од гласовите на локалните избори.
-
Македонија 08.11.2017 11:02
Скопје: Ќе се разгледуваат мерките за намалување на аерозагадувањето
Скопјани се гушат. Концентрацијата на штетните честички во воздухот е многупати над дозволеното. Градските власти излегоа со препораки против аерозагадувањето во метрополата.










