Конфедерацијата на слободните синдикати тврди дека платите во јавниот сектор се зголемуваат селективно, само во образованието, здравството и во одбраната. Бараат социјалните партнери да седнат на преговори. Инсистираат К-15 да се дава и во јавниот сектор.
Вести
-
Економија 07.11.2017 15:16
-
Свет 07.11.2017 14:45
Приведен сопственикот на „Агркор“
По речиси еден месец во бегство, основачот на банкротираниот прехранбен концерн „Агрокор“, Ивица Тодориќ, ѝ се предаде на лондонската полиција, потврди хрватското Министерство за внатрешни работи.
-
Македонија 07.11.2017 14:38
Се одложи судењето за случајот „Труст“
Три прислушувани разговори, од кои едниот јавно објавен се дел од доказниот материјал на СЈО во случајот „Труст“. Адвокатите на тројцата обвинети, меѓу кои и бизнисменот Сеад Кочан, на рака добија копија од лисата на докази, откако претходно се пожалија дека не им биле доставени.
-
Македонија 07.11.2017 14:36
Потребен е посериозен пристап во борбата против перењето пари
Политичари и бизнисмени вмешани во случаи со перење пари. Ова го тврди првиот човек на управата за Финансиска полиција кој открива дека веќе се водат предистражни постапки.
-
Македонија 07.11.2017 14:28
Мемети: Да се спроведат предложените мерки
Препораките на Народниот правобранител да се најдат на Владина седница, да се разгледаат и да се задолжат управни органи да ги спроведат, по шест месеци да дадат извештај за сработеното.
-
Македонија 07.11.2017 13:46
ВМРО-ДПМНЕ: Лажна грижа за заштита на човековите права
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение во кое вели дека Владата на СДС и Зоран Заев води лажна грижа за заштита на човековите права.
-
Македонија 07.11.2017 13:40
Препораки од Град Скопје против аерозагадувањето
Возилата да не се користат без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за загревање на домовите да не се користат отпадни материи и да се зголемат инспекциските контроли на оџаците во домаќинствата, објектите и индустриските и занаетчиските постројки од стра
-
Економија 07.11.2017 13:23
СКМ: Посебен даночен режим за холдинг компаниите
Стопанската комора на Македонија бара посебен даночен режим за холдинг компаниите. Бизнис заедницата ќе поднесе до Владата иницијатива за реализирање на ова барање, со појаснување дека сите европски земји предвидуваат одредени даночни олеснувања за холдинзите.
-
Македонија 07.11.2017 13:16
Метео: Облачно време со повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд на места пообилни, над 25 литри на метар квадратен.
Во западните и југоисточните делови е можна појава на грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.
-
Свет 07.11.2017 13:06
Трамп пристигна во посета на Јужна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп допатува во Јужна Кореја каде што најпрвин ја посети американската воена база Хамфрис. Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин накусо се сретна со Трамп пред неговата посета на базата која се наоѓа на стотина километри од границата со Северна Кореја.










