Грчката полиција потврди дека во Солун ги уапсила поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Македонската полиција ги бараше со меѓународна потерница за обвиненија поврзани со нелегалното прислушување.
Вести
-
Македонија 19.10.2017 15:41
-
Македонија 19.10.2017 15:31
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за амнестија на лицата вклучени во настаните од 27-ми април
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе достават иницијатива за амнестија на луѓето кои беа вклучени во немилите сцени во и пред Собранието на 27-ми април, соопшти партијата. Оттаму бараат оние кои се во притвор за собраниските настани неодложно да бидат ослободени и амнестирани.
-
Македонија 19.10.2017 15:16
Средба Заев- Шчербак
Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со Олег Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија.
-
Економија 19.10.2017 15:08
Ќе се изготви нацрт- програма за реформа на управувањето со јавните финансии
Со 20 милиони евра од Унијата ќе се изготви нацрт- програма за реформа на управувањето со јавните финансии. Треба да помогне при рационализација на финансиското работење на јавните институции, да се зајакне надзорот и транспарентноста во трошењето на народните пари.
-
Македонија 19.10.2017 14:57
Караџовски: Судскиот совет не работи селективно
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски го очекува извештајот од Комисијата која врши проверка на АКМИС системот.
-
Македонија 19.10.2017 14:54
Грчката полиција го потврди апсењето на Грујевски и Бошковски
Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, кои од СЈО се обвинети во предметот „Тврдина“, ноќеска се уапсени во Солун, Грција, потврди грчката полиција за медиумите.
-
Свет 19.10.2017 14:41
Владата на Шпанија ќе решава за идните чекори во спорот со Каталонија
Шпанија в сабота ќе почне постапка за укинување на автономијата на Каталонија откако нејзиниот лидер Карлес Пуџдемон се закани дека ќе прогласи независност.
-
Македонија 19.10.2017 14:36
Кривичен ги отфрли „бомбите“ како доказ во шест случаи на СЈО
Специјалното јавно обвинителство добило известување од Кривичниот суд дека за незаконски прибавени ги смета доказите со телефонските снимки за предметите „Титаник“, „Титаник 2“, „ТНТ“, „Тенк“, „Тревник“, и „Тифани“.
-
Свет 19.10.2017 14:24
Ердоган: Секој момент може да се затвори границата со Ирачки Курдистан
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека неговата земја „во секој момент“ може да ја затвори границата со Северен Ирак, по затворањето на воздушниот простор за тој регион.
-
Македонија 19.10.2017 14:22
Метео: Од понеделник пониски температури
Сончевото и топло време во Македонија со мала облачност и со висока дневна температура продолжува утре како и во текот на викендот. Максималната температура во текот на утрешниот ден ќе достигне до 28, а во сабота до 29 степени.










