ВМРО-ДПМНЕ со критики за извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори. Партијата смета дека е необјективен и не ја одразува фактичката состојба на изборите. Оттаму велат дека во документот не се посочуваат одговорните за нарушување на процесот.
Вести
-
Македонија 18.10.2017 16:58
-
Македонија 18.10.2017 16:43
Метео: Продолжува сончевото време, од понеделник заладување
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и во текот на утрешниот ден. Топло ќе биде и во петок како и за време на викендот со надпросечни дневни температури.
Од понеделник се очекува зголемена облачност, врнежи од дожд и пад на температурите.
-
Економија 18.10.2017 16:36
ССК: Поголема продуктивност за самостојна исплата на зголемениот минималец
Приватниот сектор се воздржува од инвестиции, пад на произвоството и извозот ќе има сѐ додека фирмите не бидат сигурни дека политичките турбуленции ќе се смират.
-
Македонија 18.10.2017 16:30
Трудовата и секскуалната експлоатација најчести во Македонија
Трудовата експлоатација во фокусот на одбележувањето на Европскиот ден на трговијата со луѓе. Недостига идентификацијата на жртвите, на која надлежните институции и невладиниот сектор треба да работат заедно. Во Република Македонија препознавањето на жртви е менливо.
-
Македонија 18.10.2017 16:10
БЕСА и Алијансата за Албанците со договор за поддршка во вториот круг од локалните избори
Движењето БЕСА и партијата Алијанса за Албанците си дадоа поддршка во вториот круг од локалните избори. Потпишаа меморандум за соработка. Договорот предвидува движењето БЕСА да ги поддржи кандидатите на Алијансата во пет, и да добие повратна поддршка во седум општини.
-
Македонија 18.10.2017 16:00
Да се подигне свеста за органодарителството
Повторно да заживее трансплантацијата на бубрег од починат донор- побара Здружението на бубрежно болни граѓани на Европскиот ден на органодарителството. Велат, важно е да се воведат и нови лекови за пациентите, да се намали нивната цена или да бидат бесплатни.
-
Македонија 18.10.2017 15:53
Почна вакцинацијата против грип
Метеж и редици во центрите за јавно здравје. Десетици луѓе чекаат ред за да се вакцинираат. Еден од нив беше и 67- годишниот Љупчо од Скопје. Вели оти трета година по ред се имунизира и оти поради вакцината, грипот го одминува.
-
Македонија 18.10.2017 15:52
Се подготвуваат измени на Законот за извршување
Функционален закон и ефикасни извршители предвидуваат измените на Законот за извршување. Комората на извршители во соработка со Министерството за правда веќе работат на регулативата.
-
Свет 18.10.2017 15:13
Сорос донирал 18 милијарди долари во фондацијата „Отворено општество“
Американскиот милијардер Џорџ Сорос во изминатите неколку години уплатил 18 милијарди долари во фондацијата „Отворено општество“. Со тоа таа организација станала второто најголемо филантропско друштво во САД, по Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
-
Македонија 18.10.2017 15:00
ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување на учесниците во настаните од 27-ми април
ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување на учесниците во настаните од 27-ми април. Извршниот комитет на оваа партијата утврдил дека во изминатите 5 месеци била очигледна политиката на власта за масовно ослободување на криминалци.










