Владата на СДС крати од капитални расходи и инвестиции, а се задолжува стотици милиони евра без објаснување за што се трошат парите на граѓаните, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Поништен е тендерот за изградба на катна гаража во Охрид со што дополнително се оптоварува сообраќајниот метеж.
Вести
-
Македонија 18.10.2017 13:11
-
Македонија 18.10.2017 12:24
Четворица во притвор за нападот врз Села
Јавното обвинителство соопшти- определен е притвор од 30 дена за четворица осомничени за кривичното дело „убиство во обид“.
Постапката против нив се води за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на собраниските настани од 27-ми април.
-
Свет 18.10.2017 12:16
Џинпинг најави економски реформи, отвореност кон светот и борба против сепаратизмот и корупцијата
Под големо полициско обезбедување стартуваше 19. Самит на Комунистичката партија на Кина. Над 2.000 делегати и стотици новинари го проследија тричасовниот говор на претседателот Си Џинпинг во кој беа изнесени детали околу агендата за политиката што ќе се води во наредните пет години.
-
Македонија 18.10.2017 11:07
Ново рочиште за случајот „Сопот“
Со сослушување сведоци, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Сопот“.
-
Свет 18.10.2017 11:03
Каталонците бараат ослободување на сепаратистичките лидери
Над 200 илјади луѓе во Барселона протестираа поради апсењето на двајцата каталонски сепаратистички лидери Жорди Санчес и Жорди Куишарт.
-
Македонија 18.10.2017 10:25
ОМД: Трамп да го притисне Ципрас за деблокирање на македонското членство во НАТО
Средба на американскиот претседател Доналд Трамп и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Белата куќа, за што Обединетата Македонска Дијаспора во соопштение бара од Трамп да го притисне Ципрас за деблокирање на македонското членство во НАТО.
-
Свет 18.10.2017 10:21
Малта: ФБИ дел од истрагата за убиството на новинарката
Форензичарски тим од ФБИ е дел од истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција која беше познат критичар на власта, вклучувајќи го и премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кого го обвинуваше за корупција во скандалот „Панама документи“.
-
Економија 18.10.2017 10:13
Подготовки за откуп на тутунот
Според пријавените договори од деветте монополи од реколта 2017-та година, се очекува да се откупат од 24.000 до 25.000 тони суров тутун.
-
Култура 18.10.2017 09:48
Јавна дебата за Нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022
Министерството за култура во Музејот на современа уметност организира јавна дебата за Нацрт-стратегијата за развој на културата на Република Македонија за периодот од 2018 до 2022 година.
-
Македонија 18.10.2017 08:36
Истече рокот за поднесување приговори до ДИК за локалните избори
Ноќеска во 2 часот истече рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.










