Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судењето на Панче Ангелов, за нападот врз Радмила Шекеринска во Собранието на 27-ми април годинава.
Вести
-
Македонија 06.10.2017 09:36
-
Македонија 06.10.2017 08:09
Локални избори 2017: Продолжува предизборната кампања
Коалициите, партиите и независните кандидати за градоначалници, како и кандидатите за советници ја продолжуваат кампањата пред локалните избори.
-
Македонија 05.10.2017 16:11
Заев: Градиме демократско општество за сите
„Победата тргнува оттука, ќе ја вратиме општина Ѓорче Петров на граѓаните, а заедно ќе го изградиме Скопје во модерен европски град. Сами ќе решавате што ќе се гради и каде ќе се трошат вашите пари“, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.
-
Македонија 05.10.2017 16:10
Бејта ги претстави плановите за Горна Бањица, Арифи за Липково
Конечно ќе го решиме проблемот со канализацијаза отпадни води во Горна Бањица изјави на митингот во ова населено место, кандидатот за градоначалник на ДУИ, Невзат Бејта. Тој им ги претстави и новите планови што ги има за Гостивар.
-
Македонија 05.10.2017 16:08
Груевски: Нови 150.000 работни места во наредната декада
Нови 150.000 работни места во наредната декада во Македонија, намалување на невработеноста под 10 проценти како во развиените држави, просечен економски раст од 4 насто, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Битола и во Ресен.
-
Македонија 05.10.2017 16:07
БЕСА: Историска можност да се променат работите на подобро
Имате историска можност да ги промените работите на подобро - рече пред жителите на Боговиње, Минур Асани, кандидатот за градоначалник во оваа општина од движењето БЕСА. Под ја промовираше својата програма мотото „За еден нов живот“. Вети решение за напластените проблеми.
-
Македонија 05.10.2017 16:04
Министерска средба во Солун за иднината на регионот
„Отворање нов прозорец на соработка е главната цел на состанокот во Солун“- изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
-
Култура 05.10.2017 16:01
„Киненова“ од 6-ти до 11-ти октомври
Идејата на фестивалот е да открие, промовира и афирмира нови филмски приказни од автори кои не и се доволно познати на светската јавност и да им се даде шанса за почеток на нивната кариера.
-
Македонија 05.10.2017 15:49
СЈО врши претреси во Кривичен суд
Специјалното јавно обвинителство врши претреси во кривичниот суд. Според првичните информации се работи за предистражна постапка за оддавање службена тајна.
Се проверуваат канцелариите на судијата Панчевски и уште двајца вработени во судот. Повеќе детали се најавени за подоцна.
-
Македонија 05.10.2017 15:41
Под истрага 24 лица за злоупотреба при доделување земјиште под закуп и исплата на субвенции
Дваесет и четворица се под истрага за злоупотреба на договори за закуп на земјоделско земјиште и исплата на субвенции. Се сомничат дека ги злоупотребиле службената положба и овластувањата оштетувајќи ја државната каса за околу 220 илјади евра.









