Утре во Македонија ќе се задржи сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне до 26 степени.
Утре во Македонија ќе се задржи сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне до 26 степени.
Регистрирани се три нови случаи на морбили за една недела- соопшти Комисијата за заразни болести, со што вкупниот број се искачи на 11. Пациентите се на возраст од седум месеци до шест години и се хоспитализирани на Инфективната клиника.
По добиената пријава за синоќешниот инцидент во Шуто Оризари, полицијата презеде мерки за расчистување на кривично-правниот настан, информираат од МВР. На разговор се повикани пет лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази.
„Џонсон Мети“ е единствената компанија од Македонија рангирана меѓу првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016-та година во Југостична Европа.
Комисија од пет члена и претседател во рамките на Јавното обвинителство ќе го следи изборниот процес и денот на изборите, и доколку има индиции ќе отвори предмети за изборен прекршок.
Тероризмот e најголема закана, и во Македонија и во другите земји- оценува првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Зоран Иванов.
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски упати апел до политичките партии итно да престанат со инцидентите. Порача дека насилството може само да им донесе штета на кандидатите, на партијата, на изборниот процес и на државата.
Дваесет и две години по атентатот врз првиот македонски претседател Киро Глигоров, сѐ уште не се познати напаѓачите и мотивот за атентатот.
Бројот на жртвите од нападот во Лас Вегас се зголеми на 59, а 527 се повредени. Пронајдено се големо количество оружје и експлозив во домот и во хотелската соба на напаѓачот Стивен Педок во Невада.
Францускиот парламент ќе гласа за нов антитерористичкиу закон, два дена откако на железничката станица во Марсеј беа убиени две жени од член на Исламска држава. Планирани се нови мерки за вонредната состојба која беше продолжена неколку пати поради серијата напади во земјата.