Почитувани,
Вести
-
Македонија 02.10.2017 13:09
-
Економија 02.10.2017 12:58
Дизелот поскапува за два денари, бензините со иста цена
Од полноќ поскапува дизел горивото за два денари за литар, додека кај бензините нема промени, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Македонија 02.10.2017 12:55
Продолжува процесот за случајот „Тврдина 2“
Во Основниот суд- Скопје 1 продолжи процесот за случајот „Тврдина 2“ во кој за уништување 20 илјади списи за масовното прислушување, во отсуство му се суди на обвинетиот ексначалник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство.
-
Свет 02.10.2017 12:38
ИД презеде одговорност за нападот во Марсеј
Џихадистичката група исламска држава презеде одговорност за нападот на железничката станица Сен-Шарл во Марсеј, во кој беа убиени две жени.
-
Свет 02.10.2017 11:09
Најмалку 20 загинати во напад во Лас Вегас
Најмалку 20 лица се убиени во напад со огнено оружје во ресортот „Мандалеј беј“ во Лас Вегас. Во нападот се повредени и над 100 лица. Полицијата упати апел до граѓаните да ја избегнуваат областа околу хотелот.
-
Култура 02.10.2017 11:03
Почнува 26. Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“
Со концерт на српскиот камерен оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград, и македонскиот виолинист Костадин Богданоски, вечер во Битола ќе почне 26. Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“.
-
Економија 02.10.2017 10:56
Предлози за подобрување на бизнис климата
Стопанската комора на Mакедонија денеска ќе презентира предлог - иницијативи за подобра бизнис регулатива.
-
Македонија 02.10.2017 10:41
УХМР: До петок сончево, од сабота заладување
До петок времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност, а викендот ќе има заладување на пад на температурите.
-
Македонија 02.10.2017 10:19
Светски ден на старитe лица
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на старите лица, 1-ви октомври, Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе презентира мерки и активности насочени кон модернизација и стандардизација на услугите за старите лица.
-
Македонија 02.10.2017 10:16
Локални избори 2017: Партиите на митинзи и средби со граѓани
Осми ден партиски активности пред локалните избори на 15-ти октомври. Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓаните во Пласница и во Демир Хисар, а митинзи се најавени во Македонски Брод и во Кичево.










