Коѕиас нема преговарачки мандат и кредибилитет за да разговара за името. Која е неговата позиција? Оваа игра со националните прашања е завршена- изјави пратеникот од грчката опозициска Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, во Парламентот во Атина.
Вести
-
Македонија 21.09.2017 13:06
-
Македонија 21.09.2017 12:41
Средба Димитров- Коѕиас во Њујорк
Во Њујорк средба меѓу македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата, Димитров и Коѕиас. Имале заедничка вечера. Фотографиите ги објави Министерството за надворешни работи во Атина.
-
Македонија 21.09.2017 12:37
Заев на дипломатски прием кај Трамп
Македонскиот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица, беа на дипломатски прием кај американскиот претседател Доналд Трамп. Овој прием, традиционално се организира за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
-
Македонија 21.09.2017 12:34
Кривична пријава против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев
Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Градоначалникот се товари дека незаконски склучил договор со штипска фирма за уредување на градежно земјиште.
-
Македонија 21.09.2017 12:30
Заев- Хан: Демократските процеси и реформи во Македонија важни за перспективите на целиот регион
„Продолжете да работите демократски на започнатите реформи. Тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион“- порачал еврокомесарот Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев во Њујорк.
-
Свет 21.09.2017 11:37
Мексико: Се трага по исчезнатите во урнатините од земјотресот
Спасувачите во мексико трагаат по исчезнатите во урнатините од земјотресот. Меѓу стотиците загинати има и многу деца. Дваесетина ученици настрадаа откако се урна училиште.
-
Економија 21.09.2017 11:34
Анѓушев- Ликсиан: Економската соработка помеѓу Македонија и Кина има неограничен потенцијал
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев оствари средба со aмбасадорката на Народна Република Кина, Јин Ликсиан.
-
Свет 21.09.2017 11:31
Протести во Барселона
Стотици демонстранти излегоа во Барселона, откако шпанската полиција влезе во Каталонската влада и уапси неколку лица, со цел да се спречи организирањето на референдумот за независност.
-
Македонија 21.09.2017 11:01
Приведено едно лице за настаните во Собранието од 27-ми април
Од страна на овластени службени лица при СВР Куманово по претходна наредба од Основно Јавно Обвинителство Скопје, а во врска со настаните од 27-ми април во Собранието на Република Македонија, приведено е лицето И.Ј.
-
Македонија 21.09.2017 10:52
Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
Денеска е православниот празник, Рождество на Пресвета Богородица, кај верниците попознат како Мала Богородица. Раѓањето на мајката на Христос е поврзано со спасението. Јоаким и Ана, кои немале деца 50 години, се родители на Марија, која станува свршеница на праведниот Јосиф.










