Утре почнува „Виноскоп“. Фестивалот се одржува на плоштадот Мајка Тереза, а ќе трае до 24-ти септември. Организаторите на најавуваат богата програма. Влезот е бесплатен.
Вести
-
Култура 19.09.2017 16:56
-
Македонија 19.09.2017 16:48
Се укинува радиодифузната такса
Од идниот месец, граѓаните се ослободени од плаќањето на радидифузната такса. Законските измени со кои се укинува плаќањето на оваа јавна давачка, нема да важат ретроактивно, појасни министерот Манчевски.
-
Економија 19.09.2017 16:35
ДЗР: 70% од препораките во извештаите се спроведуваат
Кај јавните набавки и усогласеноста на работењето со законите и прописите, Државниот завод за ревизија регистрира најмногу нерегуларности кај извршените контроли во буџестките институции. Сѐ помал е бројот на неправилности во финансиските извештаи откако има овластени сметководители.
-
Македонија 19.09.2017 16:26
Бурна собраниска расправа за Законот за употреба на јазиците
Пратениците од опозицијата бараат јавна расправа за Законот за јазиците и негово усогласување со Уставот и со Рамковниот договор. Реагираа и на одлуката тој да се предложи со европско знаменце. Целта е да се воведе двојазичност на целата територија на државата, рече Трајчо Димков.
-
Македонија 19.09.2017 16:14
Собрание: Изгласан Законот за стечајците
Пратениците го изгласаа законот за стечајците. Не станува збор за популизам, туку за исправање на неправда нанесена врз една категорија граѓани, рекоа во расправата од парламентарното мнозинство.
-
Економија 19.09.2017 15:45
Измени во законите за градба
Неопходни се суштински промени во Законот за градење за да се подобри бизнис- климата и спречи урбаниот хаос, заклучок од работилницата посветена на законските измени во урбанизмот.
-
Економија 19.09.2017 15:39
Ќе се зголемува ефикасноста на јавните трошоци
Македонија нема потреба од стенд бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Владата ќе работи според програмата за работа и тоа се рамките- вели министерот за финансии Тевдовски. Додава дека Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање по забелешките на ММФ.
-
Македонија 19.09.2017 15:31
Утврден редоследот на гласачкото ливче за локалните избори
19 партии и коалиции, 63 независни кандидати за градоначални и совети ќе учествуваат на претстојните локални избори. Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден нивниот редослед на гласачкото ливче.
-
Македонија 19.09.2017 14:58
Мехмедовиќ: На Итната медицинска помош ѝ недостигаат персонал и возила
Еден тим на Итната медицинска помош во моментов опслужува 70 илјади жители во Скопје, од оваа служба дневно помош бараат повеќе од стотина граѓани, вели новиот директор Злате Мехмедовиќ.
-
Свет 19.09.2017 14:44
Убиени терористи од ПКК во Северен Ирак
Четворица терористи од Курдистанската работничка партија (ПКК) биле убиени во напади на турската воена авијација во Северен Ирак. Операција била преземена откако било откриено дека борците на ПКК планирале да спроведат воени напади во Турција.










