Германската компанија Акомпласт отвора фабрика за автомобилски делови во Прилеп, Injection Moulding Prilep-IMP, во тамошната технолошко индустриска зона Алинци. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев ќе го означи почетокот на работата на фабриката.
Вести
-
Економија 21.09.2017 10:47
-
Свет 21.09.2017 10:29
Ураганот „Марија“ го опустоши Порторико
Ураганот Марија ја зеде првата жртва во Порторико. Над 3,5 милиони луѓе се без струја, а делови од островот се соочуваат со катастрофални поплави. Орканот којшто ослабна до втора категорија, се оддалечува од територијата на САД и се движи кон Доминиканска Република.
-
Македонија 21.09.2017 10:23
Лоша година за насадите со јаболка
Доцните пролетните мразови и неодамнешниот град го уништија родот на јаболкото во ресенско. Од просечните 125.000 тони годишно, оваа берба се очекува да се наберат едвај 10 проценти.
-
Македонија 21.09.2017 10:19
Лидерите на Западен Балкан на средба со Могерини и Хан во Њујорк
Средба на премиерите и претседателите од Западен Балкан со шефицата на европската дипломатија Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување Хан во Њујорк, во рамките на сесијата на Генералното собрание на ОН.
-
Македонија 21.09.2017 09:28
Продолжува собраниската расправа за законот за јазиците
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 15. седница треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците.
Вчера попладне расправата по предлог-законот беше прекината бидејќи Собранието требаше да ги одржи 16. и 17. седница.
-
Македонија 20.09.2017 16:39
Марш за почист воздух, владини мерки за заштита
Македонија е единствена земја во светот, која во првите 10 најзагадени градови, учествува дури со три. Стоп на загадувањето. Со марш за чист воздух граѓанскиот сектор ќе бара итни мерки пред зимската сезона.
-
Економија 20.09.2017 16:31
Бизнисмените со поддршка за планот за раст
Бизнис- заедницата, извозниците и научната јавност го поддржаа планот за економски раст нудејќи и сопствени предлози за нејзино подобрување.
-
Македонија 20.09.2017 15:53
Со 10.000 потписи продолженото породилно во Собрание
Со 10.000 потписи барањето на здруженијата за продолжување на породилното оледување ќе влезе во собраниска процедура. Родилките наместо девет, да можат да останат 18 месеци со приновата. Отворени вратите на сите подрачни канцеларии на Државната изборна комисија низ земјава до 7- ми октомври.
-
Македонија 20.09.2017 15:49
Продолжува дебатата за Предлог- законот за употреба на јазиците
Законот за јазици покрај на широка дискусија треба да се стави и на референдум за да се види што граѓаните мислат за предложеното, рекоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на новото собраниско продолжение.
-
Свет 20.09.2017 15:44
Шпанската полиција уапси 13 лица поврзани со референдумот во Каталонија
Демократија, слободна каталонија, осамна изутринава во повиците на демонстрантите собрани пред економското седиште на регионалната влада во Барселона. Причината за собирот е крајно недемократска акција на централната власт.









