Вести

  • Македонија 21.08.2017 10:51

    Избирачкиот список за локалните избори од денеска на увид

    Од денеска избирачкиот список на увид за локалните избори. Граѓаните до 9-ти септември можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците. Во списокот се запишани 1.816.127 граѓани.

  • Економија 21.08.2017 10:25

    Тече рокот за пријавување субвенции за нови насади

    Неповратната финансиска помош е 50 проценти од трошоците за подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади и насади со ароматични и медоносни растенија.

  • Свет 21.08.2017 10:20

    САД и Јужна Кореја на заеднички воени вежби

    И покрај зголемените тензии на Корејскиот полуостров, САД и Јужна Кореја ги почнаа заедничките воени вежби кои ќе траат до крајот на месецов. Во маневрите наречени „Улчи - бранител на слободата“ учествуваат 50.000 јужнокорејски војници и 17.500 американски војници.

  • Македонија 21.08.2017 10:10

    Се утврдуваат причините за сообраќајната несреќа

    Причините за несреќата која вчера се случи на автопатот Велес- Скопје се утврдуваат, соопшти Основното јавно обвинителство во Велес. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа и почна прибирање на трагите пронајдени на местото на несреќата, информи

  • Македонија 21.08.2017 08:20

    Облачно со повремен пороен дожд и ветер

    Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи и со засилен ветер вдолж Повардарието и кон истокот.

    Утринската температурата ќе се движи од 12 до 21 степен, а дневната од 20 до 29 степени.

  • Македонија 21.08.2017 08:16

    Српските дипломати повлечени во Белград

    Сите дипломати од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија се повлечени на итни консултации во Белград. Засега нема официјална информација која е причината за повлекувањето.

  • Македонија 21.08.2017 08:12

    Еден починат и 27 повредени во сообраќајката на автопатот Велес- Скопје

    Едно лице, кое беше потешко повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес- Скопје, почина на КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во болниците во Скопје и во Велес биле примени 27 повредени патници.

  • Македонија 20.08.2017 22:22

    Најмалку 27 повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

    Најмалку 27 лица се повредени, од кои двајца потешко вечерва откако автобус со патници излета од коловозт на автопатот Велес-Скопје. Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.

  • Македонија 18.08.2017 16:32

    Џафери до Заев: Предлогот за пратенички прашања по локалните избори

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери одговори на писмото на премиерот Заев. Вели дека по завршувањето на локалните избори ќе се реализира идејата за поставување пратенички прашања на почетокот на новосвиканата седница, во времетраење од еден час.

  • Економија 18.08.2017 16:24

    Нема кратење на пензиите

    Министерството за труд и социјална политика тврди дека нема да се скратат пензиите. Од ресорот објаснуваат дека секој пензионер, согласно со Законот за пензии и усогласувањето со растот на трошоците за живот и платите ќе добива по 180 денари секој месец или 2.160 денари годишно.

Pages