Неспособноста на СДС да управува со државата не може да ја покријат ниту 13 советници на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Државата ќе ги плаќа 9 милиони денари годишно неквалитетните советници, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Вести
-
Македонија 21.08.2017 13:23
-
Македонија 21.08.2017 13:18
40 учесници и 22 предавачи на Школата за млади лидери во Охрид
Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, годинава по осми пат ќе се одржува во Охрид до 31-ви август.
-
Свет 21.08.2017 13:07
Заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја
САД и Јужна Кореја на нова заедничка воени вежба поради растечките закани од Пјонгјанг. Маневрите се одвиваат по кодното име „Улчи – бранител на слободата“. Ќе траат до крајот на месецов. Учествуваат 50 илјади јужнокорејски војници и речиси 17.500 американци.
-
Економија 21.08.2017 12:56
Минимална корекција на цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата коишто ќе важат од полноќ. Има минимална корекција. Малопродажните цени на бензинот од 95 октани и на дизелот на се менуваат и остануваат 62 и 48 денари.
-
Македонија 21.08.2017 12:44
Почна да се расчистува тетовската дива депонија
По завршување на сите процедури за изборот на приватна фирма, со багери и камиони почна расчистувањето на целиот простор од претоварната станица за смет на влезот во Тетово, информира градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
-
Македонија 21.08.2017 12:40
Велија Рамковски излезе од затвор поради лекување
Некогашниот сопственик на Телевизијата А1, Велија Рамковски, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“ денеска излезе на слобода. Беше осуден на 13 години затвор, но добил привремен отпуст за лекување.
-
Економија 21.08.2017 12:37
Приватни и државни фирми избегнувале плаќање данок на добивка
37 фирми приватни и мал број државни во 2015-та и 2016-та година свесно биле отстранети од системот за присилна наплата на данок на добивка и со тоа биле затаени милионски суми, велат од Управата за јавни приходи.
-
Македонија 21.08.2017 11:27
Сѐ уште нема официјална информација зошто се повлечени српските дипломати
Македонското министерство за надворешни работи сѐ уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени дипломатите и вработените од Амбасадата на Србија во Скопје.
-
Свет 21.08.2017 11:24
Берлин: Одлуката за отворање на Германија за бегалците е исправна
Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека треба да се отворат границите за уште стотици илјади бегалци.
Нејзиниот став останува непроменет во однос на мигрантската политика, потенцирајќи дека Владата презема мерки да не с еповтори кризата.
-
Македонија 21.08.2017 11:18
Две лица загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш
Изутрината две лица загинаа на магистралниот пат Штип-Радовиш на излезот од штипското село Лакавица, кога автомобил марка „Фолксваген шаран“ излетал од коловозот.








