22-годишниот Јунес Абујакуб од Мароко го управувал возилото со кое беа убиени 13 цивили на шеталиштето Ла Рамбла во Барселона. Медиумите објавија снимки на кои се гледа како смирено заминува од местото на злосторот.
Вести
-
Свет 21.08.2017 16:07
-
Македонија 21.08.2017 15:58
Почнува да се решава проблемот со депониите
Владата информираше дека почнува да се решава проблемот со депониите. За Тетово е избрана компанијата „Голец транс“ да го дислоцира сметот. Отпадот од Струга ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а дивата ќе се затрупува.
-
Македонија 21.08.2017 15:55
Голема Богородица, 28 август, неработен за граѓаните од православна вероисповед
Понеделник 28 август 2017 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 21.08.2017 15:52
Белград за повлекувањето од Скопје: Офанзивно разузнавачко дејствување со учество на странски фактор
Во Македонија постои засилено офанзивно разузнавачко дејствување против српски инстиуции во кои бил присутен и странски фактор. До вакви информации стигнал официјален Белград поради што ги повлекол дипломатите од земјава и целосно ја испразнил амбасадата на Водно.
-
Свет 21.08.2017 15:20
Офанзива на последното големо упориште на ИД
Ирачката војска зазеде девет села во првиот ден од офранзивата на Тал Афар, последното големо упориште на Исалмска држава во покраината нинива на северот од земјата.
Пред еден месец, војската го исчисти и соседен Мосул, најголемиот град кој беше под контрола на џихадистите.
-
Економија 21.08.2017 15:18
УЈП: Индикации за затаен данок на добивка
Триесет и седум компании со помош на вработени од Управата за јавни приходи во 2015-та и 2016-та година ја избегнале наплатата на милионски долгови за данокот на добивка.
-
Економија 21.08.2017 15:05
Македонија да увезува нова електронска опрема
Новоформираната Групација на провајдери на дигитални решенија бараат законски измени. Оттаму сметаат дека е потребна поголема контрола врз употребата на стари машини, принтери, скенери и друг електронски отпад. Апелираат да се инсистира на увезување нова и современа опрема.
-
Македонија 21.08.2017 14:24
ДИК ќе врши избор на членови на Изборната комисија на Скопје
Државната изборна комисија на седница врши избор на членови на изборната комисија на Градот Скопје и ги разгледува барања за неприфаќање на должноста членови на општинска изборна комисија.
-
Македонија 21.08.2017 14:02
Вучиќ: Офанзивно дејствување против Србија, причина за повлекување на персоналот од амбасадата во Македонија
Српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено офанзивно дејствување, и поради тоа е повлечен персоналот од Српската амбасада во Македонија, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
-
Култура 21.08.2017 13:31
Шелева претседател на УО на СВП, Димковска и Дурацовски членови
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ја донесе одлуката за именување членови на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Функцијата претседател ќе ја врши Елизабета Шелева, редовен професор на катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолишкиот факултет.










