Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на шестата седница треба да ја почне расправата за Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Вести
-
Македонија 12.07.2017 09:38
-
Македонија 12.07.2017 09:31
Премиерот Заев и владина делегација на Самитот за Западен Балкан во Трст
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ја предводи високата владина делегација на четвртиот Самит „ЕУ – Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес, што ќе се одржи денеска во Трст.
-
Култура 12.07.2017 09:19
Со концерт на „Форплеј“ почнува „Охридско лето“
Со концерт на модерниот џез квартет „Форплеј“ и оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Емин Џијан вечер почнува 57. издание на фестивалот Охридско лето.
-
Економија 11.07.2017 10:34
Берзански цени на житото
Минатата недела, на берзата во Нови Сад почна тргувањето со пченицата од новиот род од 2017 година.
Првите берзански договори се склучуваа по цени од 8,16 до 8,42 денари за килограм без ДДВ.
-
Македонија 11.07.2017 10:26
Самит во Трст: 500 милиони евра за проекти за Западен Балкан
Во Трст утре ќе се одржи четвртиот Самит за Западен Балкан и Европската Унија во рамки на Берлинскиот процес. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на поврзување во областа на економијата и инфраструктурата и луѓето во регионот како и регионот со ЕУ.
-
Свет 11.07.2017 10:06
Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд
Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Нов Зеланд.
Засега нема извештаи за евентуални загинати и за причинета материјална штета.
-
Економија 11.07.2017 10:01
Почнува изградбата на фабриката на ВИК во ТИРЗ Прилеп
Во технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп денеска ќе почне да се гради фабрика за производство на електрични апарати за домаќинство „ВИК Македонија“.
-
Македонија 11.07.2017 09:56
Топло, температура до 41 степен
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.
-
Македонија 11.07.2017 09:54
Продолжение на шестата седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска на пладне треба да одржи продолжение на шестата седница со расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.
-
Македонија 11.07.2017 09:52
Австралиската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп денеска престојува во официјална посета на Македонија.










